| Macedonian
РЕГИОН
3 МИН ЧИТАЊЕ
Каде на Балканот има најмногу места во студентските домови
ТРТ Балкан направи анализа на бројот на достапни места во студентските домови низ шесте земји од регионот. Главните впечатоци се дека капацитетите се исполнети речиси целосно во земјите каде завршија конкурсите за сместување во студентските домови
Каде на Балканот има најмногу места во студентските домови
Најголем капацитет на студентските домови има во Србија, а најмалку легла има во Црна Гора / Фото: TRT Balkan / TRT Balkan
13 септември 2023

Студентите на Балканот се погодени од инфлацијата и растот на цените за изнајмување станови. Единствена алтернатива за поевтино сместување се студентските домови наменети за студенти кои немаат живеалиште во градот во кој студираат.

Сосема очекувано интересот за кревет во некој од студентските домови е зголемен, со оглед на се повисоките цени за кирии предизвикани од растот на цените на пазарот на недвижности. Затоа или со нетрпение се следат веб страниците на министерствата за образование во исчекување на официјалниот конкурс или се бара место повеќе на веќе објавените конкурси.

ТРТ Балкан направи анализа на бројот на достапни места во студентските домови низ шесте земји од регионот. Главните впечатоци се дека капацитетите се исполнети речиси целосно во земјите каде веќе завршија конкурсите за сместување во студентските домови за академската 2023-2024 година.

Според достапните податоци на националните министерства за образование, студентските центри и главните државни универзитети, вкупно 4.481 места им се достапни на македонските студенти. Студентските домови се распоредени во градовите каде има голем број на факултети, па така најголемиот дел се во Скопје, а студентски домови има и во Штип, Тетово, Битола, Прилеп и Охрид.

Најмалку достапни места за студентско сместување има во Црна Гора, поточно 2.423 легла, а најмногу во Србија каде низ деветте студентски центри низ државата има вкупно 17.270 достапни места за студентите.

Местата во студентските домови под државна капа се доделуваат врз основа на неколку критериуми како што се социо-економскиот статус, постигнатиот успех при студирањето и далечината од местото на живеење.

Врз тие принципи се очекуваат конкурсите за студентските центри во Приштина каде се достапни 3.865 места и во Тирана каде албанските студенти може да аплицираат за 3.456 слободни места на државните студентски домови. Вкупно во Албанија низ сите државни студентски домови за претстојната академска година достапни се 6.506 легла.

Во Босна и Херцеговина има широкорапространета мрежа на студентски домови со вкупен капацитет од 4.844 места. Најмногу легла има во Сараево со студентскиот дом со капацитет од 1500 места.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
Турскиот претседател повика на посилна транспортна интеграција меѓу муслиманските земји
Фидан: САД и Иран покажуваат флексибилност во врска со нуклеарниот договор
Првиот турски беспилотен брод обезбеди партнерство со Саудиска Арабија
Сириja ја презеде контролата врз стратешката база Ал-Танф по повлекувањето на американските војници
Германската полиција уапсила двајца членови на терористичката организација ПКК со оружје и дрога
Бугарија: Андреј Ѓуров именуван за вршител на должноста премиер до предвремените избори
Претставничкиот дом на САД гласаше за укинување на царините на Трамп кон Канада
Состанок на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО во Брисел
Русија планира да и испрати нафта на Куба како хуманитарна помош
Десетици приведени демонстранти и повредени полицајци на протести во Аргентина
ФБИ ја уништил оригиналната затворска снимка од ноќта на смртта на Епштајн
Косово конечно доби влада, Албин Курти по третпат е премиер
Македонски државјанин со срцева болст опериран во Германија со роботски систем
Албулена Хаџиу избрана за собраниски спикер на Косово
Ердоган: Туркије и Грција да држат отворени канали за дијалог како соседи и сојузници