| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Туркије испрати уште 148 здравствени работници во Либија
„Испраќаме уште две целосно опремени теренски болници и шест амбулантни единици, десет возила на итната помош, седум возила на УМКЕ АТАК и шест возила на итната помош“
Туркије испрати уште 148 здравствени работници во Либија
Туркије испрати уште 148 здравствени работници во Либија / Photo: AA / AA
14 септември 2023

Турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа, изјави дека 148 здравствени работници патуваат за Либија, која е погодена од разорни поплави.

Коџа на својот профил на социјалните мрежи објави синоќа дека група здравствени работници со брод заминува за Либија од турското пристаниште Измир Алсанџак.

Потсети дека веднаш по катастрофата Министерството во Либија испратило два тима за итни случаи, медицински материјал, агрегати, лекови и медицинска опрема, како и медицински тимови на УМКЕ и УМКЕ АТАК составени од 11 лица.

Истакна дека вкупно 159 здравствени работници од Туркије ќе пружат помош на либискиот народ.

„Испраќаме уште две целосно опремени теренски болници и шест амбулантни единици, десет возила на итната помош, седум возила на УМКЕ АТАК и шест возила на итната помош“, рече Коџа.

Бројот на загинати од последиците на бурата „Даниел“ и последователните поплави во источна Либија надмина 6.000, а неколку илјади луѓе и понатаму се водат како исчезнати.

Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина во понеделникот објави дека бројот на исчезнати по поплавите во Либија е поголем од 10.000.

Обилните врнежи од дожд како последица на моќниот циклон во неделата зафатија неколку области во источна Либија, меѓу кои Бенгази, Ал Бајда и Ал-Марџ, како и Соуса и Дерна.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Помеѓу тумори и траума, болните во Газа се соочуваат со војна вон линиите на фронтот
Што значат растечките врски меѓу Туркије и Египет за регионот
Со истекот на „Новиот СТАРТ“, дали САД и Русија можат да постигнат нов пакт за нуклеарното оружје
Пет децении посветеност: Турскиот мајстор Мустафа 58 години им дава живот на радијата
Кога палењето куќи повеќе не се смета за тероризам во окупираниот Западен Брег
Дали Израел ќе почне уште еден голем воен напад врз Газа?
Мерц: ЕУ мора да гради партнерства со Туркије, Индија и Бразил
Калас: Советот за безбедност на ОН не работи онака како што треба
Германија ја осудува руската забрана за програмата за академска размена на DAAD
Кремљ: Следната рунда преговори за војната во Украина ќе се одржи во Женева
Британската полиција повеќе нема да апси поддржувачи на „Палестинска акција“ без докази
Побарана одговорност за трамвајската несреќа на протестот во Сараево
Сибиха го покани кинескиот колега Ванг Ји да ја посети Украина
Фон дер Лајен вели дека силна Европа значи силен НАТО
Руте: Русија трпи огромни загуби во Украина, не треба да ја доживуваме како „моќна мечка“