| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Арагчи: Поединечните ликвидации не влијаат на цврстината на политичкиот систем на Иран
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи призна дека поединци може да играат важни улоги, но потенцираше дека силата на системот не зависи од било кој поединец
Арагчи: Поединечните ликвидации не влијаат на цврстината на политичкиот систем на Иран
Арагчи: Поединечните ликвидации не влијаат на цврстината на политичкиот систем на Иран / Reuters
18 март 2026

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека политичкиот систем на земјата останува силен и покрај убивањето на високи официјални претставници во американско-израелските напади, инсистирајќи на тоа дека таквите акции нема да ја ослабат државната структура.

Арагчи во интервјуто за „Ал Џезира“ нагласи дека Исламска Република Иран поседува цврст политички систем.

„Не знам зошто Американците и Израелците сè уште не ја разбрале оваа точка: Исламска Република Иран има силна политичка структура со воспоставени политички, економски и социјални институции“, рече тој.

„Присуството или отсуството на ниту еден поединец не влијае врз оваа структура“, додаде шефот на иранската дипломатија.

Арагчи призна дека поединци може да играат важни улоги, но потенцираше дека силата на системот не зависи од која било поединечна фигура.

Секако, поединците се влијателни и секој ја игра својата улога – некој подобро, некој полошо. Но она што е важно е дека политичкиот систем во Иран е многу цврста структура“, истакна тој.

Неговите изјави дојдоа откако Иран вчера потврди дека Али Лариџани, секретар на Врховниот совет за национална безбедност, е убиен во израелски напад.

Во соопштението, Врховниот совет за национална безбедност на Иран наведе дека Лариџани бил убиен во нападот заедно со синот, помошникот Реза Бајат и неколку придружници.

Израелската армија претходно соопшти дека го ликвидирала Лариџани во воздушен напад во близина на Техеран во текот на ноќта во понеделникот.

Израел и САД ја продолжуваат заедничката офанзива во Иран што започна на 28 февруари, при што досега загинаа околу 1.300 луѓе, меѓу кои и тогашниот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи.

Иран возврати со напади со беспилотни летала и ракети насочени кон Израел, Јордан, Ирак и земјите од Персискиот Залив, каде што се наоѓаат американски воени бази, предизвикувајќи жртви и штета на инфраструктурата, истовремено нарушувајќи ги глобалните пазари и авиосообраќајот.

Повеќе
САД одобрија продажба на руска нафта за уште еден месец
Шпанија ја критикува Мачадо за „идеолошка“ посета и состаноци на крајнодесничарите
Нетанјаху не се појави на судењето за корупција поради „безбедносно-дипломатски причини“
Амбасадорот во ОН, Валц, вели дека САД „никогаш нема да заземат пристап на доверба“ кон Иран
Филипинската армија тврди дека убила 19 осомничени антивладини борци
Емиратите ќе побараат директна финансиска помош од САД ако продолжи војната
САД уништи нов сомнителен нарко-брод во Карибите
Ареф: Безбедноста на Ормутскиот теснец не е возможна без гаранции за иранската нафта
Радев пред убедлива победа на парламентарните избори во Бугарија
Фидан: Туркије ја проширува својата дипломатска улога
Сиљановска-Давкова: Процесот на пристапување кон ЕУ „маратон полн со пречки кон Брисел“
Како моќното произраелско лоби продолжува да ги контролира демократите во САД
Одборот за мир во Газа и неговиот неизбежен неуспех
САД се враќаат во ерата на Втората светска војна и автомобилските компании кои произведуваат оружје
Дали изборниот пораз на Орбан ќе доведе до драматична промена во Европа?
Еден теснец, глобално влијание: Зошто Ормускиот теснец е толку критичен за светот?
Нераскинливата врска што го раскинува Блискиот Исток
Трамп: Израел повеќе нема да го бомбардира Либан, САД го забранија тоа
Иран го отвори Ормускиот теснец за сите бродови
Кац: Примирјето со Хезболах е привремено, мисиите во Либан ќе бидат завршени