| Macedonian
РЕГИОН
5 МИН ЧИТАЊЕ
Беќировиќ: Наследството на Хашкиот трибунал останува траен потсетник
Членот на Претседателството на БиХ, Денис Беќировиќ, побара од генералниот секретар на ОН, претседателот на Генералното собрание на ОН и претседателката на Резидуалниот механизам за кривични судови архивата на Хашкиот трибунал да ја чуваат во Сараево
Беќировиќ: Наследството на Хашкиот трибунал останува траен потсетник
Според него, цивилизациско достигнување на МКТЈ е тоа што некои од највисоките функционери одговорни за геноцид, злосторства против човештвото и други злосторства биле изведени пред лицето на правдата / Photo: AA / AA
14 септември 2023

Од пресудите на Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија, политичарите од соседните земји, како и некои од Босна и Херцеговина мора да извлечат поуки, порача членот на Претседателството на БиХ Денис Беќировиќ на меѓународната конференција на тема „30 години од формирањето на Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија, наследство и предизвици“.

На конференцијата учествуваат поранешни и сегашни судии, обвинители, жртви- сведоци, новинари- сведоци, како и студенти од поранешна Југославија.

„Денешната конференција е од големо значење бидејќи укажува на важноста и резултатите од работата на Хашкиот трибунал, но и ја подига свеста во национални и меѓународни рамки за важноста од спротивставување на идеологиите и политиките кои водат до геноцид, злосторства против човештвото и други злосторства, рече Беќировиќ.

Тој потсети дека на 25 мај 1993 година, Советот за безбедност на Обединетите нации го основа Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (МКТЈ) со цел да се запре кршењето на меѓународното хуманитарно право, како и кршењето на законите и обичаите на војна.

„Советот за безбедност на ОН со својата усвоена Резолуција утврди дека ситуацијата на територијата на поранешна Југославија, а пред се на територијата на Република Босна и Херцеговина, претставува закана за меѓународниот мир и безбедност. Со Резолуцијата, Советот за безбедност на ОН ја изрази својата решителна намера да ги спречи ваквите злосторства и да преземе ефективни мерки за да ги изведе одговорните за нив пред лицето на правдата. Имено, Советот за безбедност на ОН беше убеден дека како ад хок мерка, формирање на меѓународен суд и обвинителство на лица одговорни за сериозни прекршувања на меѓународното хуманитарно право би придонеле за воспоставување и одржување на мирот“, потсети Беќировиќ.

Тој посочи дека со формирањето на Хашкиот трибунал е заземен јасен став - гонење на лицата одговорни за воените злосторства е од суштинско значење за целата меѓународна заедница, но и за секоја земја поединечно.

„Сведоци сме дека, за жал, меѓународните вооружени конфликти продолжуваат да се случуваат, затоа сите кои се закануваат или употребуваат сила, спротивно на Повелбата на ОН, треба да бидат свесни дека ќе одговараат за извршените злосторства и дека ќе бидат изведени пред надлежните судски органи каде ќе биде утврдени објективни факти за правната природа на дадените конфликти. Со формирањето на Трибуналот, меѓународната заедница го охрабри развојот на меѓународното кривично право и даде ветар на идејата за укинување на неказнивоста за сериозни прекршувања на Женевските конвенции , закони и обичаи на војна, геноцид и злосторства против човештвото. Преку својата работа Трибуналот, исто како и Механизмот, им даде можност на жртвите да се слушне нивниот глас, со што се ажурираше прашањето за положбата на жртвата во современите кривични постапки, изјави членот на Претседателството на Босна и Херцеговина.

Тој нагласи дека формирањето на МКТЈ има правно, историско, цивилизациско и морално значење.

„Трибуналот беше првиот меѓународен кривичен суд формиран по трибуналите во Нирнберг и Токио, кој ги гонеше криминалците по Втората светска војна. Хашкиот трибунал остави огромна архива за извршениот геноцид врз Бошњаците, злосторствата против човештвото и други злосторства. Наследството на Хаг се состои од: 2,5 милиони записници од судски постапки, 422.000 документи и 30.000 видеа. Хашкиот трибунал одржа 10.800 дена судења, а сведочеа над 4.600 сведоци. Вкупно, речиси 1.500 години затвор и 7 казни доживотен затвор. Трибуналот не им судеше на нациите туку одреди индивидуална одговорност. Од пресудите на МКТЈ, политичарите од соседните земји, но и некои од Босна и Херцеговина, мора да извлечат поуки. Тие мора да сфатат дека политиката на сила, агресија и криминалот не се исплати и дека секогаш постојат механизми кои ги санкционираат таквите политики. Вистината за извршениот геноцид и наследството на Хашкиот трибунал остануваат трајно предупредување за човештвото“, рече Беќировиќ.

Според него, цивилизациско достигнување на МКТЈ е тоа што некои од највисоките функционери одговорни за геноцид, злосторства против човештвото и други злосторства биле изведени пред лицето на правдата.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Турскиот претседател повика на посилна транспортна интеграција меѓу муслиманските земји
Фидан: САД и Иран покажуваат флексибилност во врска со нуклеарниот договор
Првиот турски беспилотен брод обезбеди партнерство со Саудиска Арабија
Сириja ја презеде контролата врз стратешката база Ал-Танф по повлекувањето на американските војници
Германската полиција уапсила двајца членови на терористичката организација ПКК со оружје и дрога
Бугарија: Андреј Ѓуров именуван за вршител на должноста премиер до предвремените избори
Претставничкиот дом на САД гласаше за укинување на царините на Трамп кон Канада
Состанок на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО во Брисел
Русија планира да и испрати нафта на Куба како хуманитарна помош
Десетици приведени демонстранти и повредени полицајци на протести во Аргентина
ФБИ ја уништил оригиналната затворска снимка од ноќта на смртта на Епштајн
Косово конечно доби влада, Албин Курти по третпат е премиер
Македонски државјанин со срцева болст опериран во Германија со роботски систем
Албулена Хаџиу избрана за собраниски спикер на Косово
Ердоган: Туркије и Грција да држат отворени канали за дијалог како соседи и сојузници