| Macedonian
РЕГИОН
2 МИН ЧИТАЊЕ
Вучиќ - Зарацин: Јакнење на довербата и посеопфатна регионална соработка
Специјалниот пратеник Зарацин изрази желба за посилен ангажман на целата Европска Унија во однос на политиката на проширување и давање нов поттик на Западен Балкан на европскиот пат
Вучиќ - Зарацин: Јакнење на довербата и посеопфатна регионална соработка
Вучиќ - Зарацин: Јакнење на довербата и посеопфатна регионална соработка / Photo: AA / AA
15 септември 2023

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес во Белград го прими специјалниот пратеник на сојузната Влада на Германија за државите од Западен Балкан, Мануел Зарацин, со кого разговараше за ситуацијата во регионот и, меѓу другото, за исходот од вчерашниот состанок во Брисел и во таа пригода изјави дека Белград останува посветен на дијалогот со Приштина, кој се води со посредство на Европската Унија.

Вучиќ го повтори ставот на Србија во поглед на сите прашања на Западен Балкан - зачувувањето на мирот, понатамошно зајакнување на довербата и посеопфатна регионална соработка.

Вучиќ истакна дека патот на евроинтеграциите е еден од надворешно-политичките приоритети на Србија и изрази надеж дека и ангажманот на специјалниот пратеник Зарацин дополнително ќе придонесе за обновување на ентузијазмот за проширување на ЕУ.

Соговорниците разговараа и за економската соработка, а особено за инвестициските потенцијали што се отвораат во контекст на организацијата на престижниот настан ЕКСПО 2027 во Србија. Вучиќ изрази интерес за проширување на германските инвестиции, со оглед на значењето на Германија како економски партнер на Србија.

Специјалниот пратеник Зарацин изрази желба за посилен ангажман на целата Европска Унија во однос на политиката на проширување и давање нов поттик на Западен Балкан на европскиот пат, се вели во соопштението од Кабинетот на претседателот на Србија.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Воздушна команда на НАТО во Германија, стационира дополнителен систем „Патриот” во Адана
Американската амбадсада во Багдад погодена од дрон
Двајца Израелци загинаа во ракетен ирански напад врз Тел Авив
Арагчи: Поединечните ликвидации не влијаат на цврстината на политичкиот систем на Иран
Турскиот претседател ја одбележува победата на Чанаккале во Првата светска војна
ОАЕ: Пресретнати ракети и беспилотни летала од Иран
Зеленски е во Лондон за засилување на воената соработка со Велика Британија
Ердоган: Израелските акции го туркаат регионот кон катастрофа
Советникот на Трамп за борба против тероризмот поднесе оставка поради војната во Иран
Европскиот парламент: Босна и Херцеговина не напредува на патот кон ЕУ
НАТО продолжува целосно да го поддржува дијалогот меѓу Косово и Србија предводен од ЕУ
Фидан во телефонски разговор со Лавров се заложил за оживување на мировните преговори за Украина
Турската морнарица спроведува летови за обука за пребарување и спасување во Сенегал
Украина ја прифати понудата на ЕУ за помош во реконструкцијата на нафтоводот Дружба
Израел тврди дека го убиле шефот на иранската безбедност Али Лариџани; Техеран молчи