| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Ердоган: Нашиот регион да го претвориме во оаза на мирот и просперитетот
„Се надеваме дека ќе го реализираме коридорот Зангезур што е можно поскоро и нашата патна и железничка комуникација со пријателски и братски Азербејџан ќе ја направиме непрекидна низ Нахчиван“, рече Ердоган.
Ердоган: Нашиот регион да го претвориме во оаза на мирот и просперитетот
Ердоган: Нашиот регион да го претвориме во оаза на мирот и просперитетот / Photo: AA / AA
26 септември 2023

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја истакна важноста на отворањето на копнената рута на коридорот Зангезур на јужен Кавказ.

„Се надеваме дека ќе го реализираме коридорот Зангезур што е можно поскоро и нашата патна и железничка комуникација со пријателски и братски Азербејџан ќе ја направиме непрекидна низ Нахчиван“, рече Ердоган по состанокот на Владата во турската престолнина Анкара.

Неговата изјава следуваше ден по посетата на азербејџанскиот автономен регион Нахчиван, каде се состана со азербејџанскиот колега Илхам Алиев за да разговара за билатералните односи, регионалните и меѓународни прашања, особено за неодамнешната ситуација во Карабах.

„Се надеваме дека нашиот регион ќе го претвориме во оаза на мирот и просперитетот со заеднички проекти кои ќе го вклучат и нашиот сосед Иран“, рече Ердоган.

Ердоган претходно рече дека отворањето на коридорот е „стратешко прашање“ за Туркије и дека е многу важно за врските помеѓу Анкара и Баку. Регионот Зангезур изворно беше дел од Азербејџан, иако ова подрачје Сове

Регионот Зангезур првично бил дел од Азербејџан, иако Советите ѝ го дале подрачјето на Ерменија во 1920-тите, лишувајќи го Азербејџан од директен копнен пат до неговата ексклава Нахчиван. По 44-дневната војна со Ерменија во есента 2020 година, Азербејџан се фокусираше на инфраструктурата, вклучувајќи ги автопатиштата и железничката пруга од 43 километри преку коридорот.

Коридорот би бил во близина на границата на Ерменија со Иран, што предизвикува загриженост кај Техеран дека проектот би можел да ја тргне границата со Ереван.

Ердоган исто така рече дека јакнењето на Туркије е цел на сите во земјата.

„Растот и јакнењето на Туркије е заедничка цел на сите нас, без оглед на нашите политички ставови“, рече турскиот претседател, напоменувајќи: „Како Народна алијанса ќе ги зајакнеме напорите во новиот законодавен период на нашата земја да и обезбедиме граѓански и либерален Устав“.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Воздушна команда на НАТО во Германија, стационира дополнителен систем „Патриот” во Адана
Американската амбадсада во Багдад погодена од дрон
Двајца Израелци загинаа во ракетен ирански напад врз Тел Авив
Арагчи: Поединечните ликвидации не влијаат на цврстината на политичкиот систем на Иран
Турскиот претседател ја одбележува победата на Чанаккале во Првата светска војна
ОАЕ: Пресретнати ракети и беспилотни летала од Иран
Зеленски е во Лондон за засилување на воената соработка со Велика Британија
Ердоган: Израелските акции го туркаат регионот кон катастрофа
Советникот на Трамп за борба против тероризмот поднесе оставка поради војната во Иран
Европскиот парламент: Босна и Херцеговина не напредува на патот кон ЕУ
НАТО продолжува целосно да го поддржува дијалогот меѓу Косово и Србија предводен од ЕУ
Фидан во телефонски разговор со Лавров се заложил за оживување на мировните преговори за Украина
Турската морнарица спроведува летови за обука за пребарување и спасување во Сенегал
Украина ја прифати понудата на ЕУ за помош во реконструкцијата на нафтоводот Дружба
Израел тврди дека го убиле шефот на иранската безбедност Али Лариџани; Техеран молчи