| Macedonian
РЕГИОН
2 МИН ЧИТАЊЕ
Радојчиќ презеде одговорност за случувањата на северот на Косово
Во пораката на Радојчиќ се наведува дека на северот од Косово на 24 септември дошол со своите сонародници и дека лично ги направил сите логистички подготовки, и дека за тоа не известил никого од властите во Србија
Радојчиќ презеде одговорност за случувањата на северот на Косово
Радојчиќ презеде одговорност за случувањата на северот на Косово / Photo: AA Archive / AA Archive
29 септември 2023

Милан Радојчиќ денеска ја презеде одговорноста за настаните во Бањска, Косово, на 24 септември, и изрази подготвеност да одговори на надлежните органи на Србија, и поднесе оставка од местото потпретседател на Српска листа.

Неговиот адвокат Горан Петронијевиќ ја прочита неговата порака во која наведува дека на северот од Косово на 24 септември дошол со своите сонародници и дека лично ги направил сите логистички подготовки, и дека за тоа не известил никого од властите во Србија ниту од структурите на власт на северот на Косово.

Како што истакна, не добил никаква помош од властите во Србија, бидејќи „тие веќе дотогаш имале различни ставови по прашањето на досегашните методи на отпор“.

Тој додава дека акцијата тој ден немала никаква врска со неговата политичка ангажираност во Српска листа.

Радојчиќ наведува и дека причината за враќањето на северот на Косово е „да го охрабри српскиот народ да пружи отпор на режимот на косовскиот премиер“.

Како што наведе, до смртта на косовскиот полицаец дошло случајно, по што се случил жесток судир.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Арагчи: Поединечните ликвидации не влијаат на цврстината на политичкиот систем на Иран
Турскиот претседател ја одбележува победата на Чанаккале во Првата светска војна
ОАЕ: Пресретнати ракети и беспилотни летала од Иран
Зеленски е во Лондон за засилување на воената соработка со Велика Британија
Ердоган: Израелските акции го туркаат регионот кон катастрофа
Советникот на Трамп за борба против тероризмот поднесе оставка поради војната во Иран
Европскиот парламент: Босна и Херцеговина не напредува на патот кон ЕУ
НАТО продолжува целосно да го поддржува дијалогот меѓу Косово и Србија предводен од ЕУ
Фидан во телефонски разговор со Лавров се заложил за оживување на мировните преговори за Украина
Турската морнарица спроведува летови за обука за пребарување и спасување во Сенегал
Украина ја прифати понудата на ЕУ за помош во реконструкцијата на нафтоводот Дружба
Израел тврди дека го убиле шефот на иранската безбедност Али Лариџани; Техеран молчи
Израелската армија започна бран „обемни“ воздушни напади врз Техеран
Каја Калас предупредува дека дезинформациите ги загрозуваат демократиите
Европската комисија ги укина финансиските мерки против Косово