| Macedonian
РЕГИОН
3 МИН ЧИТАЊЕ
САД барат од Србија да ги повлече трупите од границата со Косово
Кирби рече дека САД „го следат големото воено распоредување на Србија долж границата со Косово“, кое се случувало во текот на минатата недела, вклучувајќи напредна артилерија, тенкови и механизирани пешадиски единици
САД барат од Србија да ги повлече трупите од границата со Косово
„Веруваме дека ова е многу дестабилизирачки развој на настаните“, рече Кирби и ја повика Србија да ги повлече силите. / Photo: Reuters Archive / Reuters Archive
29 септември 2023

Гласноговорникот на Советот за национална безбедност на Соединетите Американски Држави (САД) Џон Кибри ја изрази загриженоста на Вашингрон поради, како што рече, „големото распоредување на српските трупи долж границата со Косово“, повикувајќи го Белград да ги повлече своите сили.

Кирби рече дека САД „го следат големото воено распоредување на Србија долж границата со Косово“, кое се случувало во текот на минатата недела, вклучувајќи напредна артилерија, тенкови и механизирани пешадиски единици.

„Веруваме дека ова е многу дестабилизирачки развој на настаните“, рече Кирби и ја повика Србија да ги повлече силите.

Тој додаде дека САД работат со НАТО на решавање на прашањето на распоредување, додека меѓународните мировни сили под водство на НАТО ќе го зголемат своето присуство на северот на Косово.

„Соединетите Американски Држави продолжуваат интензивно да работат со нашите европски партнери за да извршат притисок и на Косово и на Србија да се вратат на мирниот дијалог преку воспоставениот формат со посредување на Европската унија. Двете земји треба да ги исполнат своите постоечки обврски и да се вклучат во овој процес во добра намера“, рече Кирби и додаде:

„Двете земји треба да избегнуваат преземање провокативни чекори кои само ги зголемуваат тензиите и го попречуваат напредокот во тој дијалог, чекори како оние што ги видовме со ова зголемување на српското распоредување на границата“.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави денес дека разговарал со американскиот државен секретар Антони Блинкен за ситуацијата на северот на Косово и дека ги негирал „невистините за највисокиот степен на борбената готовност“ на нивните сили.

„Има неколку работи за кои се согласивме и неколку работи за кои не се согласивме. Се согласивме дека е потребна деескалација, дека е потребна значително поголема улога на КФОР и Србија таа поголема и позначајна улога на КФОР во Косово секогаш и секако ќе поддржи. Би сакале дури таа да е исклучива на северот на Косово. Се согласивме и ги негирав невистините за највисокиот степен на борбената готовност на нашите сили, бидејќи то не го потпишав и не е точно и немаме ниту половина толку сили колку што имавме пред два, три месеци“, рече Вучиќ.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Фон дер Лајен вели дека силна Европа значи силен НАТО
Руте: Русија трпи огромни загуби во Украина, не треба да ја доживуваме како „моќна мечка“
Бангладеш: Изборен триумф на Националистичката партија, лидерот се враќа по 17-годишен егзил
Две третини од Европејците сметаат дека нивните земји се под закана
Вучиќ по завршувањето на посетата на Туркије: Исклучително продуктивни разговори со Ердоган
Данска ќе обезбеди четири борбени авиони Ф-35 за НАТО мисијата “Арктичка стража”
Поранешниот норвешки премиер Јагланд обвинет за сериозна корупција за наводни врски со Епстин
САД и Северна Македонија постигнаа рамковен договор за фер и реципрочна трговија
Епштајн имал скриени камери во куќата, дури и во кутии за марамчиња
Јапонија уапси кинески капетан откако брод беше пресретнат кај покраината Нагасаки
САД го поништија научното откритие дека емисиите на стакленички гасови го загрозуваат здравјето
САД тајно испратиле околу 6.000 терминали на Старлинк во Иран
Франческа Албанезе: Нема да поднесам оставка, земјите да се фокусираат на моите извештаи
Мисајловски во Брисел: Здружени во НАТО можеме да го издржиме секој предизвик
Ердоган најави посета на Србија: Туркије никогаш не го занемарува Балканот