| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Германија најави нов пакет воена помош за Украина
Од почетокот на војната, Германија на Украина ѝ испрати оружје во вредност од 17,13 милијарди евра, а новиот воен пакет вклучува 105 тенкови Леопард 1А5, 30 пешадиски борбени возила, 15 противвоздушни тенкови и девет системи за воздушна одбрана
Германија најави нов пакет воена помош за Украина
Германија најави нов пакет воена помош за Украина / Photo: AA / AA
8 февруари 2024

Од почетокот на руската војна, Германија на Украина и испрати оружје во вредност од 17,13 милијарди евра.

Германската влада најави нов пакет воена помош за Украина, вклучувајќи и испорака на 105 тенкови Леопард 1А5 и 30 пешадиски борбени возила Мардер, објавија во средата локалните медиуми.

Германија и минатата година и обезбеди на Украина 30 Леопард 1, 90 пешадиски борбени возила Мардер и 18 тенкови Леопард 2-А6. Поголемиот дел од нив се на поправка во Литванија.

Ветените 30 тенкови Леопард 1 доаѓаат од старите индустриски резерви на Бундесверот и моментално се целосно ремонтирани од германската компанија за оружје, Рајнметал.

Според веб-страницата на владата, Германија, исто така, планира да испорача уште 15 противвоздушни тенкови Гепард и девет системи за воздушна одбрана ИРИС-Т СЛМ за заштита на украинските градови од руски ракетни напади.

Од почетокот на руската војна, Германија на Украина и испрати оружје во вредност од 17,13 милијарди евра.

Во меѓувреме, САД обезбедија оружје и други материјали во вредност од 43,86 милијарди евра, а Велика Британија е на трето место со оружје во вредност од 6,57 милијарди евра испратено во Украина.

Минатиот месец германскиот канцелар Олаф Шолц објави дека наскоро планира да склучи безбедносен договор со Украина, но не прецизираше временска рамка.

Германија, исто така, постигна напредок во обезбедувањето нови видови оружје.

Минатиот месец, германското Министерство за одбрана објави дека за првпат ќе и испорача на Украина шест деактивирани воени хеликоптери Си Кинг Мк41.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Американската амбадсада во Багдад погодена од дрон
Двајца Израелци загинаа во ракетен ирански напад врз Тел Авив
Арагчи: Поединечните ликвидации не влијаат на цврстината на политичкиот систем на Иран
Турскиот претседател ја одбележува победата на Чанаккале во Првата светска војна
ОАЕ: Пресретнати ракети и беспилотни летала од Иран
Зеленски е во Лондон за засилување на воената соработка со Велика Британија
Ердоган: Израелските акции го туркаат регионот кон катастрофа
Советникот на Трамп за борба против тероризмот поднесе оставка поради војната во Иран
Европскиот парламент: Босна и Херцеговина не напредува на патот кон ЕУ
НАТО продолжува целосно да го поддржува дијалогот меѓу Косово и Србија предводен од ЕУ
Фидан во телефонски разговор со Лавров се заложил за оживување на мировните преговори за Украина
Турската морнарица спроведува летови за обука за пребарување и спасување во Сенегал
Украина ја прифати понудата на ЕУ за помош во реконструкцијата на нафтоводот Дружба
Израел тврди дека го убиле шефот на иранската безбедност Али Лариџани; Техеран молчи
Израелската армија започна бран „обемни“ воздушни напади врз Техеран