| Macedonian
СПОРТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Извлечени групите од Лигата на Нациите на УЕФА
Новото издание на Лигата на нации носи новини, па така, за разлика од минатите години, во нокаут фазата на натпреварувањето ќе се пласираат по две селекции од секоја група, што значи дека ќе се играат и четвртфинални натпревари
Извлечени групите од Лигата на Нациите на УЕФА
Првото коло ќе се игра од 5 до 7 јуни, а групната фаза на натпреварувањето завршува на 19 ноември годинава / Photo: AA / AA
9 февруари 2024

Во четвртокот во Конгресниот центар во Париз беше одржана ждрепката на Лигата на нации за сезоната 2024/2025, која започнува во јуни оваа година.

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина ќе игра во групата А3 против Холандија, Унгарија и Германија. Во истата лига во групата А1 ќе играат Хрватска, Португалија, Полска и Шкотска, додека Србија во групата А4 ќе игра против Шпанија, Данска и Швајцарија.

Селекцијата на Црна Гора во групата Б4 ќе ги одмери силите со Велс, Исланд и Турција, а Словенија во групата Б3 ќе игра со Австрија, Норвешка и Казахстан.

Во Лигата Ц, во групата Ц2, Косово ќе игра против Кипар, Романија и победникот од дуелот Литванија или Гибралтар.

Во групата Ц4 Северна Македонија ќе игра против Ерменија, Фарски Острови и Латвија.

Новото издание на Лигата на нации носи новини, па така, за разлика од минатите години, во нокаут фазата на натпреварувањето ќе се пласираат по две селекции од секоја група, што значи дека ќе се играат и четвртфинални натпревари.

Првото коло ќе се игра од 5 до 7 јуни, а групната фаза на натпреварувањето завршува на 19 ноември годинава. Четвртфиналните натпревари се закажани од 20 до 25 март 2025 година, а завршниот турнир ќе се игра од 4 до 8 јуни следната година.

Шпанската фудбалска репрезентација е победник на Лигата на нации на УЕФА во сезоната 2022/2023. во финалниот натпревар на 18 јуни во Ротердам откако по изведувањето на пенали ја совлада Хрватска со резултат 5:4.

ГРУПИ НА ЛИГА НА НАЦИИ НА УЕФА

Лига „А“:

Група А1: Хрватска, Португалија, Полска, Шкотска

Група А2: Италија, Белгија, Франција, Израел

Група А3: Холандија, Унгарија, Германија, Босна и Херцеговина

Група А4: Шпанија, Данска, Швајцарија, Србија

Лига „Б“:

Група Б1: Чешка, Украина, Албанија, Грузија

Група Б2: Англија, Финска, Република Ирска, Грција

Група Б3: Австрија, Норвешка, Словенија, Казахстан

Група Б4: Велс, Исланд, Црна Гора, Турција

Лига „Ц“:

Група Ц1: Шведска, Азербејџан, Словачка, Естонија

Група Ц2: Романија, Косово, Кипар, победник од дуелот Литванија или Гибралтар

Група Ц3: Луксембург, Бугарија, Северна Ирска, Белорусија

Група Ц4: Ерменија, Фарски Острови, Северна Македонија, Латвија

Лига „Д“:

Група Д1: Литванија или Гибралтар, Сан Марино и Лихтенштајн

Група Д2: Молдавија, Малта и Андора

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Турскиот претседател повика на посилна транспортна интеграција меѓу муслиманските земји
Фидан: САД и Иран покажуваат флексибилност во врска со нуклеарниот договор
Првиот турски беспилотен брод обезбеди партнерство со Саудиска Арабија
Сириja ја презеде контролата врз стратешката база Ал-Танф по повлекувањето на американските војници
Германската полиција уапсила двајца членови на терористичката организација ПКК со оружје и дрога
Бугарија: Андреј Ѓуров именуван за вршител на должноста премиер до предвремените избори
Претставничкиот дом на САД гласаше за укинување на царините на Трамп кон Канада
Состанок на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО во Брисел
Русија планира да и испрати нафта на Куба како хуманитарна помош
Десетици приведени демонстранти и повредени полицајци на протести во Аргентина
ФБИ ја уништил оригиналната затворска снимка од ноќта на смртта на Епштајн
Косово конечно доби влада, Албин Курти по третпат е премиер
Македонски државјанин со срцева болст опериран во Германија со роботски систем
Албулена Хаџиу избрана за собраниски спикер на Косово
Ердоган: Туркије и Грција да држат отворени канали за дијалог како соседи и сојузници