| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Зголемувањето на температурите изложува милијарди луѓе на здравствен ризик
Топлотните бранови можат сериозно да погодат големи групи луѓе во кратки временски распони, често доведувајќи до кризи во јавното здравје и резултирајќи со зголемена стапка на смртност
Зголемувањето на температурите изложува милијарди луѓе на здравствен ризик
Топлотните бранови можат сериозно да погодат големи групи луѓе во кратки временски распони, често доведувајќи до кризи во јавното здравје и резултирајќи со зголемена стапка на смртност / Photo: AA / AA
8 август 2024

Во една неодамнешна студија на „Клајмет Централ“ (Climate Central) се открива дека климатските промени непропорционално ги зголемуваат ноќните температури, при што милијарди луѓе се изложени на болести и нарушувања поврзани со топлината.

„Клајмет Централ“, независна група што ги истражува ефектите од климатските промени и глобалното затоплување, објави дека во текот на летото ноќните температури се зголемиле за 2,29 Целзиусови степени во период помеѓу 1895 и 2023 година.

Во споредба со просечниот глобален пораст од 1,1 Целзиусови степени, летните ноќни температури се зголемени двојно повеќе од глобалниот просечен пораст.

Експертите наведуваат дека потоплите ноќи може да доведат до зголемување на бројот на акутни и хронични заболувања поради топлината. Продолжените периоди на екстремни температури и во текот на денот и ноќта предизвикуваат значителен стрес врз човечкото тело, зголемувајќи го ризикот од болести и смртни случаи поврзани со топлината.

Топлотните бранови можат сериозно да погодат големи групи луѓе во кратки временски распони, често доведувајќи до кризи во јавното здравје и резултирајќи со зголемена стапка на смртност. Дополнително, овие случувања може да имаат широки социоекономски последици, вклучително и намален работен капацитет и намалена продуктивност на трудот.

Според Светската здравствена организација, смртноста поврзана со топлина кај луѓето над 65-годишна возраст се зголемила за приближно 85 отсто помеѓу 2000 и 2004 и 2017 и 2021 година. Помеѓу 2000 и 2019 година студиите покажуваат приближно 489.000 смртни случаи поврзани со топлината секоја година, 45 отсто од нив во Азија и 36 отсто во Европа.

Топлотниот бран со висок интензитет може да донесе висока акутна смртност; во 2003 година 70.000 луѓе во Европа починаа како резултат на температурите во периодот јуни-август, каде што летните температури беа за 20-30 отсто повисоки од сезонскиот просек.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Ердоган до Путин: Туркије може да биде домаќин на преговори за крај на руско-укрaинската војна
Турската домашна балистичка ракета Тајфун изврши успешно тест-лансирање
Половина милион луѓе на улиците на Италија во генерален штрајк поради буџетот
Израел го нападна јужен и источен Либан во повторни прекршувања на примирјето
До 2038 година речиси 30% од населението во Германија ќе бидат пензионери
Бурата Бајрон уби две деца и тројца мажи во Газа, а бројот на жртви од катастрофалното време расте
САД го притискаат Израел да ја исчисти планината од отпад предизвикан од бомбардирањето на Газа
Курти: Депортирани мигранти пристигнуваат во Косово од САД според договорот со Трамп
Москва: Предлозите на ЕУ за користење на руски имот се нелегални
ЕУ ќе ги замрзнува руските средства на потрајна основа
Сириза ја повика грчката влада да се повлече од Евровизија поради учеството на Израел
Јапонија го укина предупредувањето за цунами по силен земјотрес
Тајланд го распушти парламентот за предвремени избори
Претставничкиот дом на САД ја отфрли иницијативата за импичмент на Трамп
Туркменистан е домаќин на меѓународен форум по повод 30-годишнината од неговата трајна неутралност