| Macedonian
ВОЈНА ВО ГАЗА
2 мин читање
Израелската армија уби Палестинец и урна згради во источна Газа
Во текот на ноќта израелската армија спроведе масовна операција на уништување во областите што ги окупира источно од градот Газа, придружена со силен тенковски оган во истата линија јужно од Кан Јунис, изјавија очевидци
Израелската армија уби Палестинец и урна згради во источна Газа
Жолтата линија ги одделува областите контролирани од Израел на исток, од областите каде што на Палестинците им е дозволено да се движат / AP
21 ноември 2025

Израелската армија денеска уби Палестинец западно од „Жолтата линија“ во област на Кан Јунис што не ја окупираше, а нејзините сили истовремено извршија големи уривања и отворија оган источно од линијата во Појасот Газа.

Раселен маж беше убиен од оган од израелската армија надвор од „Жолтата линија“ (во области каде што на Палестинците им е дозволено да се движат) јужно од Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа, се вели во соопштението на болницата „Насер“.

Речиси секојдневно Израел го прекршува договорот за прекин на огнот што го потпиша со палестинската група Хамас, кој стапи на сила во Газа на 10 октомври.

Во овие прекршувања Израел уби 312 Палестинци и повреди 760 од 11 октомври, соопшти Министерството за здравство на Газа вчера.

Во текот на ноќта израелската армија спроведе масовна операција на уништување во областите што ги окупира источно од градот Газа, придружена со силен тенковски оган во истата линија јужно од Кан Јунис, изјавија очевидци за Анадолу.

„Жолтата линија“ ги одделува областите контролирани од израелската армија, кои зафаќаат повеќе од 50% од Појасот Газа на исток, од областите каде што на Палестинците им е дозволено да се движат на запад.

Од октомври 2023 година израелската армија уби речиси 70.000 луѓе во Газа, повеќето жени и деца, повредени се над 170.800, а енклавата ја претвори во урнатини.

Извор: АА

Повеќе
Над 50 парови се венчаа среде урнатините на Газа
ГС на ОН усвои резолуција за Палестина со која повикува на прекин на окупацијатa од 1967 г.
Израелската армија врши напади на Западниот Брег, насилно евакуира палестински семејства
Пет Палестинци меѓу кои и деца повредени во оган на израелската армија
Хамас: Елиминирани се четворица израелски шпиони во Газа
Карта прецртана дел по дел: Палестинците опишуваат земја анексирана на очиглед
Газа и подалеку: Дали ова е крајот на произраелската догма меѓу американските конзервативци?
Хамас осудува систематски убиства и тортура на палестинските притвореници во израелските затвори
Израелската армија започна голема офанзива во северниот дел на Западниот Брег
Израел продолжува со уривања и гранатирање во Газа и покрај договореното примирје
Четворица Палестинци убиени во израелските напади низ Газа во најновото кршење на прекинот на огнот
Израел дозволува дневен влез во Газа на само 200 од договорените 600 камиони со помош
#GameOverIsrael: Спортистите бараат од УЕФА да го исклучи Израел од европскиот фудбал
Палестинската самоуправа доби 88 милиони евра на донаторската конференција
Израелската војска уби двајца палестински тинејџери во Источен Ерусалим
ОН: Летовите со Палестинците од Газа може да претставуваат незаконска депортација
Хјуман рајтс воч: Израел изврши злосторства против човештвото на Западниот Брег
Условите за раселените Палестинци во Газа се влошуваат поради недостиг на засолништа и израелската блокада
Тројца Палестинци убиени во нов израелски воздушен напад во Газа и покрај прекинот на огнот
Најмалку 25 жители на Газа убиени, 77 повредени во израелски воздушни напади и покрај прекинот на ог