Три години од „катастрофата на векот“: Балканот се солидаризираше со Туркије
РЕГИОН
2 мин читање
Три години од „катастрофата на векот“: Балканот се солидаризираше со ТуркијеВеста за „катастофата на векот“ со која се соочи Туркије и нејзиниот народ на 6 февруари 2023 година, предизвика огромна тага и болка ширум светот, но особено го потресе регионот на Балканот.
Три години од „катастрофата на векот“: Балканот се солидаризираше со Туркије / AA Archive
пред 14 часа

Земјотресите од 6 февруари 2023 година, чиј епицентар беше во јужната провинција Кахраманмараш, предизвикаа огромни разорувања во повеќе провинции на југот на Туркије, при што десетици илјади луѓе го загубија животот, а инфраструктурата и станбените објекти претпреа огромна штета.

Оваа тажна вест за „катастофата на векот“ со која се соочи Туркије и нејзиниот народ, предизвика огромна тага и болка ширум светот, но особено го потресе регионот на Балканот.

Катастрофалниот земјотрес кој ја погоди Туркије на денешен ден пред три години го обедини Балканот во болката и солидарноста со братскиот и пријателски турски народ, со кој негува вековни историски и културни врски.

„Балканот за Туркије“, „Скопје се солидаризира со Туркије“, „Ние сме со нашиот братски народ на Туркије“, беа само некои од пораките испишани на социјалните мрежи и истакнати на собирите на градските плоштади во речиси сите балкански градови каде се одржуваа хуманитарни акции за помош на погодените од земјотресот.

Политичките лидери веднаш ги испратија своите пораки на сочувство до турските власти и до турскиот народ, искажувајќи зборови на тага, солидарност во тешките мигови, но и искажување на спремност да се помогне на секој можен начин.

Во медиумите се организираа специјални програми во кои учествуваа политичари и други личности од јавниот живот, повикувајќи ги граќаните да се приклучат во акциите за донации.

Спасувачките тимови од Северна Македонија, Србија, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина и другите земји, со денови беа на југот на Туркије, спасувајќи ги луѓето кои беа заглавени под урнатините предизвикани од земјотресот.

По катастрофалните земјотреси, следуваше обнова на погодените подрачја, лекување на повредените и враќање во нормала на животот.

И покрај широкото разорување, турските надлежни институции веднашш запчнаа со закрепнување и обнова, започнувајќи ја „најголемата мобилизација за реконструкција“ во својата историја.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
Канадскиот премиер Карни: Туркије е значаен партнер за Канада
Како црвен автомобил од Азербејџан стана симбол на солидарност по земјотресот во Туркије во 2023
Војската на САД уништи уште еден наводен нарко-брод во Пацификот
Турски МИТ приведе двајца осомничени соработници на Мосад во Истанбул
Арагчи и Бусаиди се сретнаа пред разговорите САД-Иран во Оман
Трамп: САД и Русија не треба да го продолжат договорот СТАРТ, туку да постигнат нов
САД ги повика своите државјани веднаш да го напуштат Иран
Иран: Влегуваме во нуклеарните разговори со САД со добра волја
Зеленски: Нашите територии се наши иако се привремено окупирани
Трамп: Иран не сака да го нападнеме
Русија и Украина разменија по 157 воени затвореници
Виткоф: Русија и Украина се согласиja да разменат над 300 воени заробеници
Средба Ердоган- Мицотакис наредната недела во Анкара
Хрватска воведува задолжително учење јазик за странски работници
Мисајловски на REAIM самит вo Шпанија