| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Роднините на настраданите во Пулс побараа отштета, обвинетите не се изјаснија дали се виновни
Судијката Диана Груевска-Илиевска, која претседава со Судечкиот совет го отповика рочиштето закажано за утре и следното го закажа на 2 декември, бидејќи дел од обвинетите го немаат добиено интегрираното обвинение и не може да се произнесат за вина
Роднините на настраданите во Пулс побараа отштета, обвинетите не се изјаснија дали се виновни
За катастрофалниот пожар во дискотеката во Кочани во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, обвинети се 35 лица / AA
25 ноември 2025

Наместо воведни зборови од одбраната и изјаснување дали се чувствуваат виновни обвинетите за пожарот во кочанската дискотека Пулс, на денешното второ рочиште од судењето беше посветено на оштетни побарувања за да не се одложи.

Судијката Диана Груевска-Илиевска, која претседава со Судечкиот совет во судскиот процес го отповика рочиштето закажано за утре и следното го закажа на 2 декември.

Претходно, судијката кажа дека обвинението ќе биде доставено до нив, по можност уште денеска, но оти ќе немаат време да се запознаат со него до утре. Дополнителна причина за одложувањето на рочиштето што беше закажано за утре е тоа што за дел од оштетените не се доставени имиња и адреси на нивните законски застапници, односно адвокати.

Инаку, судијката повеќе од половина час денеска ги нотираше имињата на правните застапници на оштетените кои денеска беа присутни во судницата во „Идризово“. Посебно се нотираа адвокатите што ги застапуваат повредените и оние што се застапници на семејствата на загинатите.

Сите се изјаснија дека се приклучуваат на кривичниот прогон на Обвинителството и дека ќе бараат оштетно побарување во граѓанска постапка.

„Со оглед на тоа дека сите од денеска присутните ополномоштени законски застапници дадоа изјава по однос на оштетното побарување и начинот на негово остварување, како и за кривичниот прогон, Судот во овој момент ќе ја прекине постапката, но воедно ја отповикува главната расправа за 26 ноември со оглед дека треба да се повикаат законските застапници на останатите оштетени, а и од причини што интегрираното обвинение треба да се достави до обвинетите и до дел од правните застапници“, рече судијката Груевска-Илиевска.

Претходно, дел од бранителите на обвинетите изнесоа приговори на интегрираното обвинение, наведувајќи дека станува збор за нов обвинителен акт, а не само за спојување на две обвиненија.

Судијката Груевска-Илиевска не ги прифати забелешките на бранителите.

„Судот донесе решение дека не станува збор за ново обвинение бидејќи во интегрираното обвинение не се воведени нови дејствија, нема нови оштетени, нема ново место на извршување на дејството”, рече судијката Груевска-Илиевска.

Повеќе
Орбан: Унгарија ќе ја тужи ЕУ ако Брисел го игнорира ветото за санкции за купување руски гас и нафта
Радев: Внесувањето на Бугарите во Уставот ќе го забрза присоединувањето кон Европската унија
Израелски резервен офицер се самоуби откако беше вмешан во геноцидот во Газа
Мадуро: Венецуела ќе продолжи да прифаќа мигранти депортирани од САД
Германската опозиција ја критикува планираната посетата на канцеларот во Израел
Путин пречекан на претседателската церемонија пред самитот Индија-Русија
Њујорк тајмс го тужи Пентагон дека ја ограничува слободата на изразување
Израелска делегација разговараше во Египет за враќањето на последниот заложник од Газа
ТРТ го напушти состанокот на ЕБУ, членовите се судрија околу учеството на Израел на Евровизија
Поранешните градоначалници на Кочани негираат вина за пожарот во Пулс
Средба Муцунски - Сијарто во Виена, нагласена поддршката на Унгарија за евроинтеграцијата
Турскиот извоз на одбранбената и авијациската индустрија достигна рекордни 7,4 милијарди долари
Николовски во Брисел: Процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ е политички
Европската комисија ја одобри реформската агенда на Босна и Херцеговина
Претставена дигитална платформа за проектите кои ги финансира Владата на Северна Македонија