| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Макрон во телефонски разговор му порача на Нетанјаху дека мора да заврши страдањето во Газа
Макрон му пренел на израелскиот лидер дека ослободувањето на сите заложници и демилитаризацијата на Хамас сè уште се приоритет за Франција, додавајќи дека се надева на примирје и евентуално отворање на перспективата за политичко решение со две држави
00:00
Макрон во телефонски разговор му порача на Нетанјаху дека мора да заврши страдањето во Газа
Според соопштението од кабинетот на Нетанјаху, израелскиот премиер му го пренел на Макрон своето силно противење на формирањето на палестинска држава, наведувајќи дека тоа ќе биде огромна награда за тероризмот / Reuters
15 април 2025

Францускиот претседател Емануел Макрон во денешниот телефонски разговор му рекол на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека страдањето на цивилите во Газа мора да заврши, и дека само примирјето во таа енклава може да ги ослободи преостанатите израелски заложници, пренесоа денеска француските медиуми.

Макрон повика и на отворање на сите премини за влез на хуманитарна помош во Газа, пренесува Монд.

Како што јави Монд, Макрон му пренел на израелскиот лидер дека ослободувањето на сите заложници и демилитаризацијата на Хамас сè уште се приоритет за Франција, додавајќи дека се надева на примирје и евентуално отворање на перспективата за политичко решение со две држави.

Според соопштението од кабинетот на Нетанјаху, израелскиот премиер му го пренел на Макрон своето силно противење на формирањето на палестинска држава, наведувајќи дека тоа ќе биде огромна награда за тероризмот.

„Израелскиот премиер му кажа на францускиот претседател дека палестинската држава формирана веднаш до израелските градови ќе стане упориште на иранскиот тероризам и дека мнозинството од израелската јавност се противи на тоа и ја поддржува конзистентната и долгорочна политика на Нетанјаху“, соопшти кабинетот на премиерот.

ОН предупредија дека хуманитарната криза во Газа излегува од контрола и дека помошта не влегува во енклавата со недели.

Палестинското милитантно движење Хамас вчера објави дека Израел понудил 45-дневно примирје доколку ослободи половина од преостанатите заложници во Газа.

Повеќе
Сојузот на синдикатите на Македонија со блокада пред Владата, се најавува генерален штрајк во март
Мацут во Атина: Србија останува посветена на зајакнувањето на стратегиското партнерство со Грција
Штрајк на наставниците во Париз поради планираните намалувања на работни места
Околу 1.200 Израелци против законот за смртна казна за палестинските затвореници
Се формира голем евро-пацифички блок поради американските царини
Осум земји меѓу кои и Туркије заеднички ја осудија одлуката на Израел за Западен Брег
Израелската полиција го уапси имамот на џамијата Ал-Акса, Мохамед ал-Абаси
Претседателот на „Хајат“ Том Прицкер поднесе оставка поради „Документите на Епстин“
Аеродромот во Истанбул прв во Европа со речиси 1.500 летови дневно
ЕП ја оневозможи вештачката интелигенција на таблетите на пратениците поради безбедност
Турскиот претседател отпатува во посета на Етиопија по повеќе од една деценија
САД не планира воена операција во Куба туку промени преку преговори
ФБИ одбива да ги сподели доказите за пукањето на Алекс Прети со истражителите од Минесота
Русија и Украина се обвинија за воздушни напади пред преговорите во Женева
Трамп: Лесно би можел ја решам поделбата меѓу Саудиска Арабија и ОАЕ