| Macedonian
ЕК прелиминарно тврди дека ТикТок и Мета ги кршат обврските од Законот за дигитални услуги
Мета, како што прелиминарно заклучува Комисијата, не обезбедува едноставен и лесно достапен механизам за пријавување нелегална содржина, вклучително и материјали за сексуална злоупотреба на деца и терористичка содржина
ЕК прелиминарно тврди дека ТикТок и Мета ги кршат обврските од Законот за дигитални услуги
Прелиминарните наоди на EК покажуваат дека Фејсбук, Инстаграм и Тикток имаат премногу сложени процедури и алатки за пристап до јавни податоци / Reuters
24 октомври 2025

Европската комисија во петок прелиминарно утврди дека платформата ТикТок, како и компанијата Мета (Фејсбук и Инстаграм), ги кршат своите обврски да им обезбедат на истражителите соодветен пристап до јавни податоци во согласност со Законот за дигитални услуги (ДСA).

Дополнително, Мета не го исполнила барањето да им обезбеди на корисниците едноставни механизми за пријавување нелегална содржина и оспорување на одлуките за модерирање на содржината.

Прелиминарните наоди на Комисијата покажуваат дека Фејсбук, Инстаграм и ТикТок имаат премногу сложени процедури и алатки за истражувачите кои сакаат пристап до јавни податоци.

Податоците често се само делумни или несигурни, што го отежнува истражувањето, вклучително и анализата на изложеноста на корисниците, особено малолетниците, на штетна или нелегална содржина.

Пристапот до овие податоци е клучен за транспарентност и јавно следење на влијанието на платформите врз физичкото и менталното здравје, според ЕК.

Мета, како што прелиминарно заклучува Комисијата, не обезбедува едноставен и лесно достапен механизам за пријавување нелегална содржина, вклучително и материјали за сексуална злоупотреба на деца и терористичка содржина.

Компанијата моментално има механизми што содржат повеќе непотребни чекори и дополнителни барања, а тие исто така користат таканаречени „темни шеми“, т.е. измамнички дизајни на интерфејси. Ова им отежнува на корисниците да пријавуваат нелегална содржина и може да го направи целиот процес неефикасен.

ТикТок, Фејсбук и Инстаграм сега можат да ги прегледаат документите од истрагата и писмено да одговорат на Комисијата, како и да преземат мерки за корекција на какви било прекршувања.

Во случај на потврда за прекршување на обврските, ЕК може да изрече казна до шест проценти од вкупниот годишен глобален приход на платформата за да обезбеди усогласеност со правилата, според соопштението објавено на веб-страницата на Комисијата.

Повеќе
Тајланд го распушти парламентот за предвремени избори
Претставничкиот дом на САД ја отфрли иницијативата за импичмент на Трамп
Туркменистан е домаќин на меѓународен форум по повод 30-годишнината од неговата трајна неутралност
Ердоган: Туркије е посветена на промовирање на мирот и дијалогот
Албанските граѓани протестираа во Тирана против корупцијата и сиромаштијата
ЕК предлага мерки за намалување на трошоците за енергија и зголемување на енергетската независност
ДЗС: Зголемен бројот на туристи и ноќевања
Димитриеска-Кочоска во Истанбул: Влегуваме во нова фаза на економска трансформација
Зеленски: САД е за примирје само по рамковниот договор, Туркије прави напори за енергетско примирје
Лавров: Русија нема агресивни планови кон ЕУ и НАТО, подготвени сме да гарантираме писмено
Путин ја потврди поддршката на Русија за Венецуела
Мерц ги повика САД да учествуваат на состанокот на високо ниво за Украина во Берлин следната недела
Руте: Ние сме следната цел на Русија
Софија: Владата на Росен Жељазков поднесе оставка пред гласањето за доверба во парламентот
Трамп: Си-Ен-Ен треба да оди на продажба по најавата за преземање на Ворнер