| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
ЕУ ја зголеми поддршката за Украина со исплата од речиси 6 милијарди евра
Европската комисија исплати речиси 6 милијарди евра за поддршка на Украина, потврдувајќи ја улогата на Европската Унија (ЕУ) како најголем и најсигурен донатор на земјата
ЕУ ја зголеми поддршката за Украина со исплата од речиси 6 милијарди евра
ЕУ ја зголеми поддршката за Украина со исплата од речиси 6 милијарди евра / AP
13 ноември 2025

Европската комисија денес исплати речиси 6 милијарди евра за поддршка на Украина, потврдувајќи ја улогата на Европската Унија (ЕУ) како најголем и најсигурен донатор на земјата, јавува Анадолу.

Плаќањето ја вклучува десеттата и последна транша од 4,1 милијарди евра во рамките на исклучителната Програма за макрофинансиска помош (MFA) на ЕУ, дел од иницијативата за Вонредно забрзување на приходите (ERA) предводена од Г7, заедно со петтата редовна рата од над 1,8 милијарди евра во рамките на Управен фонд за Украина, се вели во соопштението.

Траншата од 4,1 милијарди евра ја комплетира програмата МФА на ЕУ за Украина, со што вкупните заеми за оваа година достигнаа 18,1 милијарди евра.

Финансирањето претставува целосен придонес на блокот кон иницијативата ЕРА, која има цел да обезбеди речиси 45 милијарди евра итна поддршка за Украина. Другите земји од Г7 досега исплатија 12,8 милијарди евра, со што вкупните заеми од ЕРА достигнаа 30,9 милијарди евра.

Отплатите и за кредитите од ЕРА и за МФА на ЕУ ќе доаѓаат од имобилизирани руски средства што се чуваат во ЕУ во рамките на Механизмот за соработка со кредити на Украина.

Во меѓувреме, исплатата од 1,8 милијарди евра во рамките на Управниот фонд за Украина е насочена кон зајакнување на макрофинансиската стабилност на Украина, јавната администрација и клучните реформи наведени во Планот за Украина, централната рамка што ја води агендата за реформи и инвестиции на Киев.

Со најновата исплата вкупната поддршка од ЕУ за Украина од почетокот на тековната војна надмина 187 милијарди евра.

Повеќе
Уставниот суд на Косово ја блокира одлуката за распуштање на Собранието
Едно лице загина во иранските напади врз Бахреин
САД во првите два дена од војната потрошиле муниција во вредност од 5,6 милијарди долари
Уште 3 американски бомбардери пристигнаа во Велика Британија за време на војната во Иран
Туркије го распоредува системот „Патриот“ во областа Малатија
Иранската револуционерна гарда до Трамп: Ние сме тие што го одредуваат крајот на војната
Ердоган до Пезешкијан: Нема оправдување за нарушувањето на воздушниот простор на Туркије
Трамп: Имам план за справување со зголемувањето на цената на нафтата
Путин: Русија е подотвена да ја снабдува Европа со енергенси, ако еропските земји покажат интерес
Виртуелен состанок Туркије – ЕУ за најновите случувања во Иран
Ердоган: Да се преземаат дејствија кои фрлаат сенка на соседските и братските врски со Иран
Мерц загрижен поради зголемувањето на цените на енергенсите
Њујорк пост: Трамп не е задоволен од новиот врховен лидер на Иран
Самоопределување ја тужи Вјоса Османи за распуштањето на косовското собрание
НАТО е подготвен да ги брани сите земји членки од било каква закана