| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Мицкоски по заплената на 40 тони марихуана: Никој не е над законот
Станува збор за марихуана која е констатирана од страна Комисијата при Министерството за здравство дека е произведувана, складирана и чувана надвор од утврдените законски протоколи
Мицкоски по заплената на 40 тони марихуана: Никој не е над законот
МВР заплени 40 тони нелегално произведена марихуана / Министерство за внатрешни работи на РСМ
пред 7 часа

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски, од денешниот увид во запленетите 40 тони нелегално произведена марихуана во домашните фабрики за медицински канабис, порача дека никој не е над законот и дека криминалот не се исплати.

„Ова што позади мене можете да го забележите е дел од тие 40 тони запленет цвет од канабис. Нешто кое што е резултат на едни погрешни политики, на едно минато време кое не сакаме веќе да се повторат и да се случат уште еднаш. Очекувам на седница на Влада да се донесе одлука за формирање комисија и тим која ќе влезе во повеќе правни лица, ќе го испита работењето и ќе се утврди кој го почитувал законот, а кој го изигрувал“.

Марихуаната сега ја обезбедува Министерството за внатрешни работи и ќе се чува за доказната постапка. Според информациите на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски продолжуваат сите активности на истрагата која се води со Обвинителството за организиран криминал и останатите одделенија на обвинителство на целата територија кои имаат надлежност за да се утврди фактичката состојба и да се расветли случајот.

„Станува збор за марихуана која е констатирана од страна Комисијата при Министерството за здравство дека е произведувана, складирана и чувана надвор од оние утврдени протоколи во однос на кои требало да биде спроведена целата постапка, значи незаконски е истата  третирана од страна на фирмите од кадешто беше одземена“, рече министерот Тошковски.

Акцијата беше спроведена во неколку фабрики кои се лиценцирани за производство на канабис за медицински цели, по спроведени истражни дејствија и информации и сознанија од меѓународните истражни органи.

По комплетирање на постапката се очекува Јавното обвинителство да излезе со поконкретни податоци за вкупниот број на опфатени правни и физички лица, начиот на кој биле злоупотребувани протоколите за производство на канабис како и можната нелегална трговија и шверц.

Повеќе
Турски Рокетсан ја претстави лизгачката муниција со вештачка интелигенција „Ерен“
Германската влада планира нарачка на борбени дронови вредни 536 милиони евра
Регистар на цени и закупнини: Во четвртиот квартал лани 1.004 новоизградени станови
Венецуела соопшти дека 896 притвореници се ослободени, а лидерот на опозицијата повторно е уапсен
ССМ на протест пред Собранието
Макрон: Европа треба да се подготви за понатамошна конфронтација со САД
Високиот ирански безбедносен функционер пристигна во Оман за да разговара за нуклеарните разговори
Двајца загинати во нов американски напад врз брод во Пацификот
Трамп се спротивставува на израелската анексија на Западниот Брег
Фидан: Воздушните напади нема да го соборат иранскиот режим
Деветмина Палестинци убиени во вчерашните израелски напади во Газа
Османи: Патот на Косово кон НАТО и ЕУ е несопирлив
Турскиот министер за надворешни работи се сретна со високиот претставник за Газа
Вучиќ возможно е да се кандидира за премиер на Србија
За една седмица констатирани речиси 5.000 сообраќајни прекршоци преку системот „Безбеден град“