Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека нема да патува денеска во Брисел на самитот ЕУ-Западен Балкан.
„За првпат по 14 години, ниту јас ниту некој друг нема да одиме на оваа меѓувладина конференција. Никој нема да ја претставува Република Србија, па затоа Западниот Балкан ќе биде без Република Србија“, рече Вучиќ во вчерашното интервју во Дневникот на националната телевизија РТС.
Тој рече дека ја донел одлуката за да не биде обвинет никој друг и за да не биде подложена на никаков притисок врз владата. Вучиќ рече дека разговарал со голем број европски лидери во последните 24 часа.
„Искрено сум благодарен за почитта што Урсула фон дер Лајен и Антонио Кошта ја покажаа кон Србија. Исто така, сум благодарен и на францускиот претседател Емануел Макрон, со кого разговарав синоќа. Верувам дека сè што правам, го правам за граѓаните на Србија. И покрај фактот што знам дека оваа одлука ќе предизвика критики- и во Брисел и од оние кои секогаш критикуваат, дури и кога не знаат точно што критикуваат. Верувам дека со овој потег ја бранам Република Србија и нејзините интереси, бидејќи треба да покажеме што сме направиле. Ќе го продолжиме европскиот пат додека јас сум претседател, а потоа новиот претседател и новата влада ќе донесат одлуки“, вели Вучиќ.“














