| Macedonian
РЕГИОН
6 мин читање
Во Скопје претставена поштенска марка со ликот на Алија Изетбеговиќ
„Мислата на Алија Изетбеговиќ дека секој човек има право да живее во слобода и дека таа слобода е извор и на сите други универзални вредност на човештвото, како што се правда, толеранција и демокртија сé уште е жива“.
Во Скопје претставена поштенска марка со ликот на Алија Изетбеговиќ
Во Скопје претставена поштенска марка со ликот на Алија Изетбеговиќ / TRT Balkan
26 декември 2025


Бошњачкиот национален совет (БНС) во Скопје денеска организираше прес-конференција по повод промоција на поштенската марка со ликот на Алија Изетбеговиќ во чест на 100-годишнината од неговото раѓање.

Претседателот на Бошњачкиот национален совет (БНС) во РСМ, Џевад Хот, на прес-конфернцијата истакна дека 2025 година е годината кога се одбележува 100-годишнината од раѓањето на Алија Изетбеговиќ, бошњачки великан и како што рече, човек кој навистина ќе остане во историјата на Бошњаците и историјата на Босна и Херцеговина, како и дека по тој повод се организира промоцијата на поштенската марка со неговиот лик.

„Алија Изетбеговиќ е личност која оставила длабока трага во историјата на Босна и Херцеговина. Личност која по образованието на Правниот факултет и неговите длабоки мисли кои ги имал и преку своите дела кои ги објавил, како што се „Исламска декларација“ и „Ислам помеѓу Истокот и Западот“, со што оставил длабока трага не само врз книжевноста во БиХ туку и пошироко. Тој со своите книжевни дела станал познат ширум светот и овие книги се преведени на многу јазици. Тоа се книги кои многумина, како исламски, така и останатите мислители ги зеле како база на размислување во контекст на спојување на она што се нарекува исламски идентитет и она што се нарекува модерни или светски идентитет“, истакна Хот.


Тој потсети дека Алија Изетбеговиќ како прв демократски избран претседател на БиХ, бил „човек кој се борел за правда и правна држава, додека сите кои сакале да ја присвојат или поделат таа држава тој се бореше за единствена БиХ, тој се бореше БиХ да биде граѓанска земја, во неа Бошњаците, Србите и Хрватите да живеат рамноправно, да ја чувствуваат како своја држава и мислам дека успеал во тоа.“

Скендер Асани, член на Комисијата за филателија изјави дека поштенската марка посветена на Алија Изетбеговиќ „не е гол церемонијален формализам, туку чин на државна совест и цивилизациска меморија.“

„На таа мала површина на која држава говори со симболи а не со закони, изгравиран е лик на човекот кој предизвика епоха на репресивни идеологии со силата на мислите и етиката. Поштенската марка се претвора во тивок историски тестамент патува од рака во рака, од генерација на генерација, сведочејќи дека дисиденцијата не е девијација туку возвишен морален чин, кога вистината е заробена. Кога бошњачката заедница се соочи со закана за исчезнување Алија излезе од сенката на дисиденцијата и застана на чело на националната одбрана“, нагласи Асани.

„Благодарен сум што денес можам да ја претставам поштенската марка посветена на стогодишноната од раѓањето на Алија Изетбеговиќ“, рече генералниот директор Орхан Куртиши на денешната промоција и додаде „неговата мисла дека секој човек има право да живее во слобода и дека таа слобода е извор и на сите други универзални вредност на човештвото, како што се правда, толеранција и демокртија сé уште е жива“.

„Сега е добар момент да испратиме сите новогодишна честитка до своите најблиски, на која ќе биде залепена оваа поштенска марка, затоа што така може да го дадеме својот придонес кон ширењето на неговата мисла за слобода и еднаквост“, потенцираше генералниот директор Куртиши.

Автор на поштенската марка 100 години од раѓањето на Алија Изетбеговиќ 1925 – 2003 е Лоран Куфало од Бирото за филателија. Номиналната вредност е 36 ден, а издадена е во тираж од 6000 примероци.

Кој е Алија Изетбеговиќ?

Алија Изетбеговиќ е роден на 8 август 1925 година, во Босански Шамац. Припаѓа на угледно беговско семејство кое живеело во Белград, а кое уште 1868 година се преселило во Босански Шамац. Веќе во втората година од животот на Изетбеговиќ, неговиот татко Мустафа, кој се занимавал со трговија и банкарство, одлучил да се преселат во Сараево. Таму Изетбеговиќ завршил основно училиште и гимназија.

Поради припадноста на организацијата „Млади муслимани“, Алија Изетбеговиќ е уапсен во 1946 година и осуден е на тригодишна затворска казна. Од затвор излегол во 1949 година.

Откако по тригодишно студирање ја напуштил агрономијата, Изетбеговиќ запишал Правен факултет, кој успешно го завршил во рок од две години. Од 1950 до 1960 година работел како раководител на градилиште, а од 1960 до 1982 година, како правен советник во повеќе сараевски фирми.

Во пролетта 1983 година е уапсен и летото истата година, во монтираниот „Сараевски процес“ е осуден на 14 години затвор. Во затвор помина шест години.

По излегувањето од затвор, Изетбеговиќ во 1990 година со група истомисленици ја формира Партијата за демократска акција (СДА), која на слободните извори освои најмногу гласови и којашто подоцна ќе одигра клучна улога во одбраната на БиХ од агресијата. Изетбеговиќ повеќе мандати беше на чело на државата и на СДА.

Одлуката за повлекување од Претседателството на БиХ ја соопшти на 6 јуни 2000 година. Тој најави дека ќе се повлече по истекот на функцијата претседавач на Претседателството на БиХ, на 12 октомври истата година. Исто така, одби да се кандидира на Третиот конгрес на СДА во 2001 година и беше прогласен за почесен претседател на СДА.

Изетбеговиќ е автор на поголем број публицистички дела и студии, како и на книгите „Исламот помеѓу истокот и западот“, „Проблемите на исламскиот препород“ и „Исламска декларација". Овие книги се преведени на неколку јазици и објавени се во повеќе земји. Во 1999 година ја објави книгата „Моето бегство во слобода“, а во 2000 година е објавена книгата „Сеќавања" (автобиографски запис). Во 2004 година се објавени собраните дела на Алија Изетбеговиќ во 10 тома.

Добитник е на низа признанија и награди како што се Наградата на кралот Фејсал, медалот на Центарот за демократија од Вашингтон, а највлијателниот шпански весник во 1995 година, мадридскиот „Ел-Мундо“, го избра Алија Изетбеговиќ за личност на годината во светот.

Истанбулскиот Универзитет „Мармара“ во 1997 година му ја додели титулата почесен доктор на правни науки, за придонес во заштитата на човековите права, воспоставување мир, но и како на угледен правник. На форумот во Кран Монтана во 1998 година стана добитник на престижната награда за унапредување на човековите права.

Алија Изетбеговиќ почина на 19 октомври 2003 година, а закопан е на шехидските гробишта „Ковачи" во Сараево. На неговиот погреб присуствуваа околу 150 илјади луѓе од цела БиХ и од странство, а телеграми на сочувство пристигнаа од околу 100 земји.

Ќе остане запаметена изјавата на Ричард Холбрук, творецот на Дејтонскиот договор: „Да не беше Алија Изетбеговиќ, денеска ќе ја немаше ниту Босна и Херцеговина“.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
Турскиот и францускиот шеф на дипломатијата на средба во Анкара
Прекин на товарниот сообраќај на граничните премини од 12 часот
Турскиот министер за надворешни работи оствари средба со нигерискиот колега
Кина: Договорот со Канада не е насочен против САД
Германскиот министер за одбрана бара извинување од САД по коментарите на Трамп за Авганистан
Израел: Преминот Рафа во Газа ќе биде отворен, но со ограничувања
Кремљ: Следната рунда преговори со Украина ќе се одржи во Абу Даби
Рубио разговараше со Ал-Судани за пренесување терористи на ДАЕШ во ирачки објекти
Полскиот претседател вели дека Русија ќе остане закана за Европа
Еден Палестинец е убиен во израелски оган во Газа
Ердоган: Борбата против терористичката група ДЕАШ се зајакнува
Како Туркије се стреми да стане глобален лидер во зелената енергија
Зошто амбицијата на Трамп за Гренланд насекаде има отпечатоци од Силиконската долина
Надеж со доза на резерва: Како Палестинците го гледаат новиот план за управување со Газа
Трамп го искористи привидението на шверц на дрога за да ја нападне Венецуела- ова се фактите