| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Собранието го избра Ненад Савески за нов државен јавен обвинител
Најважно за мене е да гарантирам радикална отчетност и транспаретност, дигитализација, услови за работа за еден обвинител непречено да си ја врши својата работа на ефикасен и достоинствен начин, изјави Савески пред неговиот избор
Собранието го избра Ненад Савески за нов државен јавен обвинител
Савески, кој моментно е судија во Основниот кривичен суд – Скопје, ќе го замени Љупчо Коцевски, кој поднесе оставка / TRT Balkan
18 март 2026

Собранието денеска на 94. седница го избра Ненад Савески за нов државен јавен обвинител. „За“ гласаа 65 пратеници, „против“ гласаа двајца, а осум беа воздржани.

Предлогот на Владата за избор на Савески за државен јавен обвинител пред пратениците го образложи вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

„На Македонија очајно ѝ е потребна правда и владеење на правото. Ѝ треба јасно отворање и процесуирање на случаи кои ќе значат подобрување на имиџот на државата и на обвинителско-правосудниот систем“, рече Николоски и додаде дека Савески е докажан професионалец без ниту една дамка во неговата кариера.

Потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, рече дека СДСМ нема да гласа, ниту „за“ ниту „против“.

„Нема да гласаме против, затоа што тоа би било протолкувано од Владата како опструкција на европската агенда. Европската агенда за нас е исклучително важна, за разлика од вас кои ја ставате на маргините. Реформата е потребна, но извршителот е компромитиран, т.е. предлагачот е толку компромитиран што е инфицирана и биографијата на Савевски“ рече Тренчевска.

Таа истакна дека, иако Савевски има години искуство во правосудниот систем и познавање на процедурите, тоа не ја исклучува загриженоста за политичката контрола.

„Буџетот на обвинителството е поставен како финансиска уцена. Доколку државниот обвинител побара повеќе средства, Владата има конечниот збор, што овозможува директно уценување доколку се отворат истраги против високите функционери на актуелната власт“, посочи Тренчевска , додавајќи дека овој механизам го става обвинителството во позиција на зависност.

Савески, кој моментно е судија во Основниот кривичен суд – Скопје, за државен јавен обвинител беше предложен од Владата на 10 март.

Неговата кандидатура следува по оставката на поранешниот обвинител Љупчо Коцевски.

Ненад Савески во интервју за МИА дадено пред неговиот избор рече дека нема да води селективна правда бидејќи за него сите предмети се важни, ниту пак ќе има предмети во фиока.

Како приоритети најави дигитализација на работењето на Обвинителството, како и поголема отчетност и транспарентност. Рече дека ќе работи на подобрување на условите за работа, бидејќи, како што истакна не може сиромашна институција да се бори против богати од криминал.

Повеќе
Пелеши-Гаши: Напредокот на Албанија кон европското семејство позитивен сигнал за земјите од Западен Балкан
МЕРМС: Усвоен националниот план за енергија и клима 2025 - 2030
Дизелот поевтинува за 2,5 денари за литар, а бензините за 1,5 денар за литар
Црногорските превозници почнаа блокада на товарниот сообраќај на граничните премини
Македонската полиција се приклучува на Европската акциска контрола на брзина на патиштата
Мицкоски: Царинската управа поставува нoви стандарди
Христијаните го слават празникот Велигден
EEС системот го блокираше влезот во Хрватска, патниците чекаат со часови
Сиљановска-Давкова: Во одредени сегменти сме подобри од некои земји кандидати за ЕУ
Никола Стојов од кочанско Оризари, млад чувар на традицијата со изработка и свирење на гајди
САД најавија техничка и финансиска помош од 5 милиони долари за јакнење на кибербезбедноста
Грција ќе ги забрани социјалните медиуми за деца под 15 години од следната година
Муцунски: Стратешкиот дијалог со САД ја реафирмира нашата улога како кредибилен сојузник и партнер
7 април - Светски ден на здравјето 2026
„Заедно за здравје. Бидете на страната на науката “
ЕУ почнува преговори за укинување на роаминг-трошоците за Западен Балкан
Сиљановска Давкова: Климатските промени веќе не се закана, туку реалност
Мицкоски: Со навремените мерки спречивме инфлацијата да биде двојно поголема
Студенти протестираа во Скопје, бараат полагање на правосудниот испит и на албански јазик
Грција купува израелски ракетни системи ПУЛС во вредност од 758 милиони долари
Ново поскапување на дизелот, намалена цената на ЕУРОСУПЕР БС-95