| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
На македонските аеродроми лани превезени 3,5 милиони патници, раст од 9% на годишно ниво
„Бројот на превезените 3.475.288 патници преку скопскиот и охридскиот аеродром во 2025 година е зголемување од 9 проценти во однос на 2024 година, а кај опслужените летови годишното зголемување е  4 проценти.“
На македонските аеродроми лани превезени 3,5 милиони патници, раст од 9% на годишно ниво
На македонските аеродроми лани превезени 3,5 милиони патници, раст од девет проценти на годишно ниво / TRT Balkan
12 јануари 2026

Меѓународниот аеродром „Скопје“ и аеродромот „Свети апостол Павле“ – Охрид минатата година опслужиле 3,5 милиони патници и 26.500 лета.

„Бројот на превезените 3.475.288 патници преку скопскиот и охридскиот аеродром во 2025 година е зголемување од 9 проценти во однос на 2024 година, а кај опслужените летови годишното зголемување е  4 проценти“, информира „ТАВ Македонија“. 

Во декември 2025 статистиката на концесионерот покажува двоцифрено зголемување на процентите на опслужени патници на двата аеродрома од 25 проценти во споредба со декември 2024 или преточено во бројки – 294.781 патник.

Во последниот месец од минатата година, пак, реализирани се 2.019 лета, што е за 7 проценти повеќе од декември во 2024 година.

„Стабилен пораст покажува и дневниот пресек на патници во 2025. Скопскиот аеродром дневно во просек опслужуваше 8.786 патници, што е за 9 проценти повеќе од 2024 година, а преку охридскиот дневно патувале 767 патници, што е за 16,3 проценти повеќе во споредба со минатата година.

Одделните анализи за двата аеродрома за периодот од јанури до декември покажуваат дека преку Меѓународниот аеродром „Скопје“ патувале 3.211.419, што е за 8,7 проценти повеќе во споредба со истиот период во 2024 година, а аеродромот „Свети апостол Павле“ во Охрид бележи двоцифрен пораст од високи 20 проценти со услужени 263.869 патници. 

„Зголемувањето од 9 проценти на бројот на патници и 4 проценти пораст на летовите на двата македонски аеродроми е директна потврда дека вложувањата во модернизација на инфраструктурата, унапредувањето на оперативната ефикасност и проширувањето на мрежата на авиолинии даваат конкретни и мерливи резултати. Дополнително, новите дестинации, континуираната соработка со авиокомпаниите, зголемената побарувачка за патувања и посветеноста на нашите вработени овозможија стабилен и одржлив раст. Овие резултати ја зацврстуваат позицијата на македонските аеродроми како сигурни и конкурентни регионални воздухопловни центри и ни даваат силна основа за уште поамбициозен развој во наредниот период“, вели во пишана изјава Неџат Курт, генерален директор на „ТАВ Македонија“.

Истанбул во сите 12 месеци од 2025 беше најфреквентна дестинација од Меѓународниот аеродром „Скопје“ до двата аеродрома ИГА и „Сабиха Гокчен“ со 16,6 проценти пазарен удел. Потоа следуваат Базел Милуз (6,2 проценти), Франкфурт (5,7 проценти), Цирих (4,5 проценти) и Минхен – Меминген (4,2 проценти).

Топ-5 земји до кои има најмногу директни летови се Германија (25,4 проценти пазарен удел во вкупниот патнички сообраќај), Турција (23,6 проценти), Швајцарија (10,8 проценти), Италија (5,5 проценти) и Шведска (4,3 проценти). 

Од Меѓународниот аеродром „Скопје“ во моментот летаат вкупно 15 авиокомпании кон 49 дестинации, а од аеродромот „Св. апостол Павле“ во Охрид три авиокомпании летаат до 7 дестинации.

Според најавите на авиокомпаниите, од март годинава мрежата на авиолинии од двата македонски аеродрома ќе се зголеми со отворањето нови авиолинии и нови дестинации. – „Визер“ ќе почне да лета од Скопје до Неапол и ќе ја врати авиолинијата од македонскиот главен град до Будимпешта, а од Охрид ќе почне да лета до Милано. Во мај „Остријан ерлајнс“ ќе почне да лета од Охрид до Виена, а во јуни охридскиот аеродром ќе ги врати полските туристи во Охрид со отворањето на новата авиолинија од Вроцлав и враќањето на летовите од Катовице, информира „ТАВ Македонија“.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Германските фирми ја гледаат Туркије како стратешки центар за производство и снабдување
Фидан и иранскиот министер за надворешни работи разговараале за регионалните тензии
Арапските држави од Заливот ги повикаа САД да не почнуваат воен напад врз Иран
Американските производители на нафта нудат поддршка во Иран во случај на промена на режимот
Москва ја обвини ЕУ за лицемерие во врска со „Жолтите елеци“ и протестите во Иран
Земјоделците го напуштија Париз, протестите ескалираа во Тулуз
Израел уби двајца Палестинци во Газа во ново кршење на прекинот на огнот
Франција бележи демографски пресврт во 2025 година за првпат после Втората светска војна
Американски сенатори предлагаат закон за спречување на Трамп да го заземе Гренланд
Трамп најави „пресметка и одмазда“ за Минесота поради тужбата против ИЦЕ
Најмалку 22 загинати, 55 повредени при пад на кран врз воз во Тајланд
ОН го предупреди Израел дека ќе го тужи пред МСП поради законот против УНРВА
Бројот на жртви во Иран достигна 2.500, Техеран и Вашингтон разменуваат обвинувања
Венецуела повторно доби пристап до X по повеќе од една година
На иницијатива на премиерот Мицкоски ќе се одржи лидерска средба за реформските закони