| Macedonian
Маск: Рацијата во француските канцеларии на X е политички напад
Американскиот технолошки милијардер реагира на претресот на единицата за сајбер криминал на парискиот обвинител поврзан со истрагата за алгоритмите на платформата
Маск: Рацијата во француските канцеларии на X е политички напад
Разочарани сме од овој развој на настаните, но не сме изненадени, рече Маск / Reuters
4 февруари 2026

Американскиот технолошки милијардер Илон Маск во вторникот го опиша претресот спроведен од француските власти во париските канцеларии на неговата платформа за социјални медиуми X како „политички напад“.

Коментарите на Маск дојдоа по соопштението од Одделот за глобални владини работи на X, во кое се вели дека претресот е извршен „во врска со политизирана кривична истрага за наводна манипулација со алгоритми и наводно лажно извлекување податоци“.

„Разочарани сме од овој развој на настаните, но не сме изненадени“, вели Маск.

Според него, Јавното обвинителство на Париз „очигледно се обидува да изврши притисок врз вишиот менаџмент на X во Соединетите Држави со насочување кон нашиот француски субјект и вработени, кои не се во фокусот на оваа истрага“.

Единицата за сајбер криминал на парискиот обвинител во вторникот објави дека ги претресла француските простории на X како дел од тековната истрага.

Истрагата, отворена во јануари 2025 година, се фокусира на алгоритамските операции на платформата.

ОПд обвинителството информираа дека Маск и поранешната извршна директорка на X, Линда Јакарино, биле повикани да се појават на сослушувањата на 20 април како дел од истрагата.

Повеќе
Турски Рокетсан ја претстави лизгачката муниција со вештачка интелигенција „Ерен“
Германската влада планира нарачка на борбени дронови вредни 536 милиони евра
Регистар на цени и закупнини: Во четвртиот квартал лани 1.004 новоизградени станови
Венецуела соопшти дека 896 притвореници се ослободени, а лидерот на опозицијата повторно е уапсен
ССМ на протест пред Собранието
Макрон: Европа треба да се подготви за понатамошна конфронтација со САД
Високиот ирански безбедносен функционер пристигна во Оман за да разговара за нуклеарните разговори
Двајца загинати во нов американски напад врз брод во Пацификот
Трамп се спротивставува на израелската анексија на Западниот Брег
Фидан: Воздушните напади нема да го соборат иранскиот режим
Деветмина Палестинци убиени во вчерашните израелски напади во Газа
Османи: Патот на Косово кон НАТО и ЕУ е несопирлив
Турскиот министер за надворешни работи се сретна со високиот претставник за Газа
Вучиќ возможно е да се кандидира за премиер на Србија
За една седмица констатирани речиси 5.000 сообраќајни прекршоци преку системот „Безбеден град“