| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
БиХ: Избрана новата влада на Република Српска
Премиерот Миниќ во своето обраќање порача дека новата влада нема да губи време и ќе ги продолжи започнатите политики, со фокус на политичка стабилност, поддршка на домашната потрошувачка и зајакнување на економијата
БиХ: Избрана новата влада на Република Српска
Миниќ минатата недела го вратил мандатот, но од в.д. претседателот на РС, Ана Тришиќ Бабиќ, повторно бил предложен за премиер / AA
19 јануари 2026

Народното собрание на босанскохерцеговскиот ентитет Република Српска доцна синоќа на вонредна седница ја избра 19-та Влада на Република Српска (РС), на чие чело е премиерот Саво Миниќ.

По гласањето, претседателот и членовите на владата положија свечена заклетва.

Во однос на претходната седница, именувани се пет нови министри. Драга Мастиловиќ е избран за министер за научно-технолошки развој и високо образование, Раденко Бубиќ за министер за економија и претприемништво, Неџад Нед Пуховац за министер за трговија и туризам, Радан Остојиќ за министер за труд и ветеранско-инвалидска заштита, а Ирена Игњатовиќ за министерка за семејство, млади и спорт.

Во своето обраќање, Миниќ порача дека новата влада нема да губи време и ќе ги продолжи започнатите политики, со фокус на политичка стабилност, поддршка на домашната потрошувачка и зајакнување на економијата.

Минатата недела, Миниќ изјави дека го вратил мандатот на претседател на Владата на РС, но дека од вршителката на должноста претседателка на РС, Ана Тришиќ Бабиќ, бил информиран дека повторно ќе биде предложен за премиер.

Одлуката за враќање на мандатот дојде пред седницата на Уставниот суд на БиХ, на која треба да се разгледува жалбата на група пратеници од Парламентот на БиХ во врска со назначувањето на мандатарот, откако Централната изборна комисија на БиХ го одзеде мандатот на тогашниот претседател на РС, Милорад Додик, во август 2025 година.

ЦИК на БиХ ја донесе одлуката откако Додик беше осуден на една година затворска казна и шестгодишна забрана за вршење јавна функција. Според Уставот на РС, претседателот на ентитетот на Народното собрание му предлага кандидат за премиер.

Повеќе
Турскиот и францускиот шеф на дипломатијата на средба во Анкара
Прекин на товарниот сообраќај на граничните премини од 12 часот
Турскиот министер за надворешни работи оствари средба со нигерискиот колега
Кина: Договорот со Канада не е насочен против САД
Германскиот министер за одбрана бара извинување од САД по коментарите на Трамп за Авганистан
Израел: Преминот Рафа во Газа ќе биде отворен, но со ограничувања
Кремљ: Следната рунда преговори со Украина ќе се одржи во Абу Даби
Рубио разговараше со Ал-Судани за пренесување терористи на ДАЕШ во ирачки објекти
Полскиот претседател вели дека Русија ќе остане закана за Европа
Еден Палестинец е убиен во израелски оган во Газа
Ердоган: Борбата против терористичката група ДЕАШ се зајакнува
Како Туркије се стреми да стане глобален лидер во зелената енергија
Зошто амбицијата на Трамп за Гренланд насекаде има отпечатоци од Силиконската долина
Надеж со доза на резерва: Како Палестинците го гледаат новиот план за управување со Газа
Трамп го искористи привидението на шверц на дрога за да ја нападне Венецуела- ова се фактите