| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Славески: Младите сѐ порано почнуваат да користат финансиски услуги
Според податоците на ОЕЦД, повеќе од две третини од 15-годишниците веќе користат финансиски производи, како што се платежните сметки или платежните картички, што ја нагласува важноста од нивното навремено финансиско едуцирање.
Славески: Младите сѐ порано почнуваат да користат финансиски услуги
Славески: Младите сѐ порано почнуваат да користат финансиски услуги / Other
17 март 2026

Младите денес сѐ порано стануваат корисници на финансиски услуги поради што финансиската едукација треба да биде системски интегрирана во образовниот процес - истакна гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, на настан посветен на финансиската едукација во образованието, организиран по повод 15 Март - Меѓународниот ден за правата на потрошувачите, од страна на Бирото за развој на образованието.

Според податоците на ОЕЦД, повеќе од две третини од 15-годишниците веќе користат финансиски производи, како што се платежните сметки или платежните картички, што ја нагласува важноста од нивното навремено финансиско едуцирање.

Како што стои во соопштението на Народната банка, гувернерот посочи дека во услови на брз технолошки развој, дигитализација на финансиските услуги и сè посложените финансиски производи, финансиската писменост станува неопходна вештина за секој човек. Оттука, истакнал тој, образовните системи сè повеќе треба да ја препознаваат финансиската едукација како важен дел од наставниот процес бидејќи таа не претставува само дополнително знаење туку и основа за одговорно и свесно управување со личните финансии.

„Народната банка постојано спроведува многубројни активности за унапредување на финансиската писменост, насочени кон учениците и студентите, како и кон пошироката јавност. Во изминатите години одржани се многубројни едукативни предавања, изработени се печатени и електронски материјали, видеосодржини и едукативни игри, како и активности преку социјалните мрежи“, стои во соопштението.

Гувернерот најави дека и оваа година Народната банка со повеќе едукативни активности ќе ја одбележи Глобалната недела на парите, насочена кон подигнување на финансиската свесност кај младите.

Славески посочил дека финансиската едукација е важна, но самата по себе не е доволна за да им овозможи на граѓаните поефикасно управување со доходите, поголема финансиска сигурност и подобро планирање на иднината поради што Народната банка, во соработка со банките, ќе иницира и конкретни измени во финансискиот систем, со цел тој да стане поправичен и посеопфатен. За таа цел, до Министерството за финансии веќе е поднесена иницијатива за измени во Законот за платните системи и платежните услуги, со која се предлага проширување на опфатот на платежната сметка за основни функции, што ќе овозможи пониски трошоци и бесплатни основни трансакции за граѓаните. Исто така, заедно со банките ќе се разгледа и можноста за воведување посебна штедна сметка за вонредни потреби, со стимулативни услови, т.е. со цел да се поттикне создавање финансиска резерва кај граѓаните и да се зајакне културата на штедење.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Еден теснец, глобално влијание: Зошто Ормускиот теснец е толку критичен за светот?
Координирана кампања на Грција за потиснување на турското малцинство во Западна Тракија
Трамп: Израел повеќе нема да го бомбардира Либан, САД го забранија тоа
Ердоган: Да не дозволиме зборовите да бидат заменети со оружје или преговорите со крвав конфликт
Иран го отвори Ормускиот теснец за сите бродови
Кац: Примирјето со Хезболах е привремено, мисиите во Либан ќе бидат завршени
Песков: Директното учество на ЕУ во конфликтот со Украина се зголемува, тоа ќе има последици
Стармет бесен бидејќи скандалот „Менделсон-Епштајн“ се продлабочува
Ал Шара: Сирија бара договор што ќе го гарантира повлекувањето на Израел до границите од 1974 година
Палестинската министерка за надворешни работи: Геноцидот на Израел врз жителите на Газа не е запрен
Хезболах бара запирање на израелските операции во согласност со договорот за прекин на огнот
Тајани: Кина да ја поттикне Русија да ја заврши војната во Украина
Барак: Сирија е квантен дипломатски потег што никој не го очекуваше
Србија го потврдува патот кон ЕУ и неутралноста на Форумот за дипломатија во Анталија
Сиљановска-Давкова: Балканот отсекогаш бил историски, географски и културно дел од Европа