| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Бензините поскапуваат за 7 денари, дизелот за 6,5 денари за литар
Од Регулаторна комисија за енергетика објаснија дека методологијата за пресметка е таква што цените не се врзуваат со цените на суровата нафта на берзите, туку со конкретен производ, односно со цената на дизелот, или на дизелот на конкретна берза
Бензините поскапуваат за 7 денари, дизелот за 6,5 денари за литар
Само пред една недела, дизелот поскапи за 14,5 денари, а бензините за 5 денари / Reuters
16 март 2026

Од ноќеска на полноќ се зголемува цената на бензините за 7 денари во однос на цената утврдена со одлуката од 9.3.2026 година. Новата цена на евросупер БС-95 изнесува 86,5 денари за литар, а малопродажната цена на евросупер БС-98 изнесува 88,5 денари за литар.

Цената на евродизел се зголемува за 6,5 денари за литар и тој се продава по 92 денари за литар.

Се зголемува и цената на екстра лесното масло за домаќинства за 7 денари и тоа чини 89,5 денари, како и на мазутот – за 4,867 денари за килограм и тој сега се продава за 47,453 денари за еден килограм.

Од Регулаторна комисија за енергетика во повеќе наврати објаснија дека методологијата за пресметка е таква што цените не се врзуваат со цените на суровата нафта на берзите, туку со конкретен производ, односно со цената на дизелот, или на дизелот на конкретна берза. Дополнително влијание има курсот на доларот.

„Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 16,964% или за 136,75 долари за тон, кај дизелот зголемувањето е во просек за 11,714% или за 117,5 долари за тон, кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за 13,059% или за 123,95 долари за тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 14,591% или за 72,4 долари за тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно приспособување. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 53,2915 денари за долар и е за околу 0,8453% повисок од курсот на доларот (52,8447 денари за долар) по кој беа формирани цените со претходната пресметка. Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според Методологијата, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените се зголемуваат во просек за 8,98%“, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Повеќе
Ердоган му рече на Пезешкијан дека разговорите меѓу САД и Иран треба да обезбедат траен мир
Путин предложи Велигденско примирје, Зеленски го прифати
Почнува целосната примена на ЕЕС системот за влез ЕУ
Моџтаба Хамени: Управувањето со Ормускиот Проток ќе влезе во нова фаза
Мерц: Нема да го ограничиме користењето на воените бази од страна на САД
Фидан: Да продолжи примирјето во Иран, можна е саботажа на Израел
Трамп со „ултиматум“ до европските сојузници за обезбедување на Хормускиот Проток
Иранска делегација отпатува за Пакистан на преговори со САД
ОН: Се влошува трговијата со деца при конфликтот во Јужен Судан
Русија и Украина разменија останки на загинати војници
Иран издава алтернативни транзитни правци во Ормускиот теснец поради страв од мини
Пезешкијан: Израелските напади врз Либан ќе ги направат преговорите со САД бесмислени
Турски брод за дупчење пристигна во Сомалија за прва мисија во длабоко море во странство
Иранска хакерска група тврди дека го пробила телефонот на поранешниот израелски началник на армијата
Дуран: НАТО мора да се трансформира за да се соочи со предизвиците на модерното структурно војување