Што имаат заедничко „Арапска куќа“ во Скопје и сараевската „Вијеќница“?
КУЛТУРА
4 МИН ЧИТАЊЕ
Што имаат заедничко „Арапска куќа“ во Скопје и сараевската „Вијеќница“?На балканските простори има два објекти кои потсетуваат на андалузиската архитектура, позната и како мавританска преродбена архитектура, „Арапска куќа“ во Скопје и Националната и универзитетска библиотека (Вијеќница) во Сараево.
Што имаат заедничко „Арапска куќа“ во Скопје и сараевската „Вијеќница“?     Фото: TRT Balkan / TRT Balkan
25 август 2022

За главниот град на Република Северна Македонија, Скопје, неретко слушаме дека е град во кој се вклучуваат различни архитектонски стилови. Град, во кој и ден денес постојат објекти од минатото, кои се неми сведоци на богатата историја на градот.

Еден од таквите објекти е познатата „Арапска куќа“. Сместена во централното јадро на градот, опружена со бројни згради, сепак се издвојува по својата уникатна архитектура и впечатлива шарена фасада.

„Арапска куќа“ е дело на архитектот Иван Артемушкин. Ја изградил во периодот од 1936 до 1938 година на барање на ерменскиот текстилец Агор Дикиџијан, кој живеел во Скопје, во знак на љубов кон својата сакана Агавни.

Архитектонски карактеристикиКомбинацијата на светлите и темните геометриски форми, црвените ленти врз жолтата основа од далеку го привлекуваат вниманието на минувачите. Посебна привлечност на објектот му даваат прозорците со ориенталните прекршени лаци. На предниот дел од објектот се истакнуваат декоративните балкони, а на оградите доминираат геометриските шари, кои се често применувани во исламската архитектура.

Интернет сајтот „Марх“ посветен на промоција на македонската архитектура, во својот текст посветен на анализа на архитектурата на „Арапска куќа“, ја споредува со слични делови со неколку исламски објекти низ светот. Венецот во форма на падобран во горниот преден дел на куќата е архитектура од Каиро и Северна Африка (пример: Џамија Ал Азхар во Каиро, Египет). Прекршените лаци карактеристични за исламската архитектура ги има и џамијата во Ибн Тулум во Каиро, Египет, изградена во 884 година. Црвените хоризонтални ленти на жолта основа се наведува дека се земени како инспирација од Големата џамија во Кордоба.

Карактеристичните геометриски шари на „Арапска куќа“, често користени во исламската аритектура, ги има како шара на вратите од Мустафа пашината џамија во Скопје, изградена во 1492 година.

Позајмени елементи од исламска архитектура

Според овие карактеристики, објектот е направен во пседно-маварски стил, кој се појавува во 19 век, кој се надворзува на арапско-маварската архитектура од Северна Африка и Шпанија. На балканските простори, најпрвин го воведува австро-унгарската власт во Босна и Херцеговина.

На балканските простори постојат два објекти кои со својата архитектура потсетуваат на андалузиската архитектура, позната и како мавританска преродбена архитектура или нова андалузиска архитектура. „Арапската куќа“ е токму едниот од нив, додека вториот е објект во Сараево. Станува збор за објектот „Вјеќница“, во кој е сместена Националната и универзитетска библиотека на Босна и Херцеговина.

Градската „Вијеќница“ како еден од најубавите и најрепрезентативните објекти од австроунгарскиот период во Босна и Херцеговина, запалена е во ноќта од 25 кон 26 август 1992 година, на самиот почеток на опсадата на Сараево.

По војната во периодот 1992-1995 година, обновена е и повторно отворена во 2014 година.

.Псевдо-маварскиот стил, кој се надворзува на арапско-маварската архитектура од Северна Африка и Шпанија, користи позајмени елементи од далечната исламската архитектура (арапско-маварска) и клачини европски елементи, кои стануваат белег на тој период од историјата.

Арапската куќа, која денес не е во функција, еден период работеше како хотел „Јадран“, по кој ова градско подрачје го носи денешното име „Јадран сквер“.

Поради својата архитектонска особеност, „Арапската куќа“ е прогласена за историски споменик на културата, а нејзиното последно преуредување е направено во 1989 година.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
Мицкоски: Туризмот е еден од нашите приоритети, се бележи раст во број на туристи и ноќевања
ОН: Спречени пет обиди на ДАЕШ за атентат врз сирискиот претседател Ахмад ал Шара
Турскиот претседател повика на посилна транспортна интеграција меѓу муслиманските земји
Фидан: САД и Иран покажуваат флексибилност во врска со нуклеарниот договор
Првиот турски беспилотен брод обезбеди партнерство со Саудиска Арабија
Сириja ја презеде контролата врз стратешката база Ал-Танф по повлекувањето на американските војници
Германската полиција уапсила двајца членови на терористичката организација ПКК со оружје и дрога
Бугарија: Андреј Ѓуров именуван за вршител на должноста премиер до предвремените избори
Претставничкиот дом на САД гласаше за укинување на царините на Трамп кон Канада
Состанок на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО во Брисел
Русија планира да и испрати нафта на Куба како хуманитарна помош
Десетици приведени демонстранти и повредени полицајци на протести во Аргентина
ФБИ ја уништил оригиналната затворска снимка од ноќта на смртта на Епштајн
Косово конечно доби влада, Албин Курти по третпат е премиер
Македонски државјанин со срцева болст опериран во Германија со роботски систем