| Macedonian
КУЛТУРА
3 МИН ЧИТАЊЕ
Брилијантните шаховски потези единствен спомен за олимписко Скопје
Дали знаете дека Скопје некогаш бил олимписки град? Пред пет децении шаховската елита ги одмерила силите во македонската метропола, неполна деценија откако речиси целосно ја уништи земјотресот во 1963 година.
Брилијантните шаховски потези единствен спомен за олимписко Скопје
Брилијантните шаховски потези единствен спомен за олимписко Скопје     Фото: ТРТ Балкан / TRT Balkan

Скопје во 1972 година бил домаќин на јубилејната 20-та шаховска олимпијада.

64 полиња, 32 фигури, два крала и само еден победник. Тогашната организација на најстарата стратешка игра која илјадници години го фасцинира човековиот ум, беше прогласена за најдобра дотогаш. За првпат шахистите беа рангирани и соочени според ИЛО рејтингот на поени воведен од Меѓународната шаховска федерација - ФИДЕ.

Советскиот сојуз со десет последователни злата, во Скопје доаѓа со моќна селекција. Предводена е од врвните велемајстори, позициониот крал Анатолиј Карпов, магионичарот од Рига Михаил Таљ и брилијатните стратези Корчној, Петрозијан и Смислов.

Американскиот шаховски гениј Боби Фишер одбил да настапи во македонската престолнина. Барал посебна просторија во која само тој и противникот ќе бидат на таблата. Организаторите не попуштиле под притисокот на тогашниот светски шампион. Фишер сепак, претходно бил во Скопје на меморијалниот турнир во сеќање на жртвите од земјотресот.

Без него не настапил ниту Борис Спаски кој пред само неколку месеци претрпел тежок пораз за светската титула, во меч кој САД и СССР го претставија како шанса за доминација на светската сцена во екот на студената војна.

Иако ослабени, Советите победуваат пред унгарските шахисти кои освојуваат сребро, додека пак домаќинот тогашната Југославија слави со бронзен медал. САД, Чехословачка и Источна Германија се најголеми разочарувања на олимпискиот турнир.

Македонските шахисти на Југославија освојуваат златен медал во егзибициите за решавање шаховски загатки.

Ова е прва олимпијада на која во исто време и на исто место се бореле и женските шаховски репрезентативки, а таа традиција трае и до ден денес.

Дубровник (1950) и Нови Сад (1990) биле единствените југословенски градови домаќини на шаховска олимпијада, а во поновата историја словенечкиот Блед беше домаќин во 2002 година.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
Помеѓу тумори и траума, болните во Газа се соочуваат со војна вон линиите на фронтот
Што значат растечките врски меѓу Туркије и Египет за регионот
Со истекот на „Новиот СТАРТ“, дали САД и Русија можат да постигнат нов пакт за нуклеарното оружје
Пет децении посветеност: Турскиот мајстор Мустафа 58 години им дава живот на радијата
Кога палењето куќи повеќе не се смета за тероризам во окупираниот Западен Брег
Дали Израел ќе почне уште еден голем воен напад врз Газа?
Мерц: ЕУ мора да гради партнерства со Туркије, Индија и Бразил
Калас: Советот за безбедност на ОН не работи онака како што треба
Германија ја осудува руската забрана за програмата за академска размена на DAAD
Кремљ: Следната рунда преговори за војната во Украина ќе се одржи во Женева
Британската полиција повеќе нема да апси поддржувачи на „Палестинска акција“ без докази
Побарана одговорност за трамвајската несреќа на протестот во Сараево
Сибиха го покани кинескиот колега Ванг Ји да ја посети Украина
Фон дер Лајен вели дека силна Европа значи силен НАТО
Руте: Русија трпи огромни загуби во Украина, не треба да ја доживуваме како „моќна мечка“