| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Повторно неуспешен обид за конституирање на косовското Собрание
Од 19 април се водат обиди за избор на претседател на Парламентот, но кандидатката на Движењето „Самоопределување“, Албулена Хаџиу, засега не успева да освои 61 глас, колку што е потребниот минимум за да биде избрана
Повторно неуспешен обид за конституирање на косовското Собрание
Неуспешен и 29. обид за конституирање на косовското Собрание / AA
9 јуни 2025

Конститутивната седница на косовското Собрание е одложена 29. пат откако повторно не е избран претседател на Парламентот, известува Анадолу.

Претседавачот со Собранието, Авни Дехари, ги повика претставниците на Демократска партија на Косово (ДПК), Демократски сојуз на Косово (ДСК), Алијанса за иднината на Косово (АИК) - Социјалдемократска иницијатива (НИСМА) и Српска листа да предложат свои членови за Комисијата за тајно гласање за избор на претседател на Собранието, но предлогот не го доби потребниот кворум.

Од 102 пратеници присутни во салата, 53 гласаа „за“. Никој од пратениците не гласаше против ниту беше воздржан.

Следната седница е закажана за 11 јуни во 11 часот.

Конститутивната седница на косовскиот Парламент започна на 15 април, но мандатите на пратениците им беа потврдени дури по четири дена.

Откако кандидатката на Движењето „Самоопределување“, Албулена Хаџиу, шестпати не успеа да ги добие потребните 61 глас за избор, претседавачот со Собранието на Косово, Авни Дехари, предложи формирање комисија за надгледување на тајното гласање, но и овој предлог не помина.

Втората по големина партија, Демократска партија на Косово (ПДК), претходно побара Движењето „Самоопределување“ да го смени својот кандидат за претседател на косовското Собрание за да го поддржат изборот за претседател на Парламентот, но вршителот на должноста премиер на Косово и лидер на Движењето „Самоопределување“, Албин Курти, во своите досегашни изјави за медиумите наведе дека не станува збор за промена на кандидатката Албулена Хаџиу, обвинувајќи ја опозицијата за блокирање на конституирањето на Собранието.

Пратеничката група на Алијанса за иднината на Косово (АИК) поднесе барање до Уставниот суд за толкување на методот на тајно гласање.

Од 19 април се водат обиди за избор на претседател на Парламентот, но кандидатката на Движењето „Самоопределување“, Албулена Хаџиу, засега не успева да освои 61 глас, колку што е потребниот минимум за да биде избрана.

Пратениците мора да изберат претседател и пет потпретседатели за конечно да го конституираат новото Собрание на Косово. Само откако ќе се конституира Собранието, може да се формира нова влада.

Повеќе
САД во првите два дена од војната потрошиле муниција во вредност од 5,6 милијарди долари
Уште 3 американски бомбардери пристигнаа во Велика Британија за време на војната во Иран
Туркије го распоредува системот „Патриот“ во областа Малатија
Иранската револуционерна гарда до Трамп: Ние сме тие што го одредуваат крајот на војната
Ердоган до Пезешкијан: Нема оправдување за нарушувањето на воздушниот простор на Туркије
Трамп: Имам план за справување со зголемувањето на цената на нафтата
Путин: Русија е подотвена да ја снабдува Европа со енергенси, ако еропските земји покажат интерес
Виртуелен состанок Туркије – ЕУ за најновите случувања во Иран
Ердоган: Да се преземаат дејствија кои фрлаат сенка на соседските и братските врски со Иран
Мерц загрижен поради зголемувањето на цените на енергенсите
Њујорк пост: Трамп не е задоволен од новиот врховен лидер на Иран
Самоопределување ја тужи Вјоса Османи за распуштањето на косовското собрание
НАТО е подготвен да ги брани сите земји членки од било каква закана
Муцунски: Очекуваме неделава сите македонски граѓани да бидат евакуирани од Блискиот Исток
Ирак ја отфрли можноста за користење на неговата територија за напади врз соседите