| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Трамп: Продолжете да протестирате во Иран, помошта е на пат
„Ирански патриоти, продолжете да протестирате - преземете ги вашите институции!!! Зачувајте ги имињата на убијците и насилниците. Тие ќе платат голема цена“, напиша Трамп
Трамп: Продолжете да протестирате во Иран, помошта е на пат
Трамп: Продолжете да протестирате во Иран, помошта е на пат / AA
13 јануари 2026

Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика иранските антивладини демонстранти да продолжат со протестите низ целата земја, велејќи им дека „помошта е на пат“.

„Ирански патриоти, продолжете да протестирате - преземете ги вашите институции!!! Зачувајте ги имињата на убијците и насилниците. Тие ќе платат голема цена“, напиша Трамп на Truth Social. „Ги откажав сите состаноци со иранските претставници сè додека не престане бесмисленото убивање на демонстрантите. Помошта е на пат. Да го направиме Иран повторно Велик (МИГА)!!!“

Не е јасно што точно мисли Трамп со тврдењето дека иранските претставници ќе „платат голема цена“, но вчера тој изјави дека САД ќе воведат царини од 25% за „сите“ земји што соработуваат со Иран.

Исто така, вчера Белата куќа соопшти дека Трамп „има интерес“ да им даде шанса на дипломатските канали со Техеран, но неговата објава еден ден подоцна се чини дека потврдува дека таквата комуникација е запрена.

Иранските владини претставници ги обвинија САД и Израел дека го поддржуваат она што го опишаа како „немири“ и „тероризам“.

Нема официјални податоци за жртвите, но Новинската агенција на активисти за човекови права (ХРАНА) група за човекови права со седиште во САД, проценува дека бројот на жртви достигнал најмалку 646, вклучително и припадници на безбедносни сили и демонстранти, а над 1.000 се повредени.

ХРАНА, исто така, објави дека најмалку 10.721 лице се приведени на протестите на 585 локации низ целата земја, меѓу кои и 186 града во сите 31 провинција.

Повеќе
Кина ќе им понуди итна хуманитарна покмош на Иран, Јордан, Либан и Ирак
Трамп се пошегува дека Венецуела би можела да стане 51-та држава на САД
Земјотрес со магнитуда од 5,8 степени ја погоди Куба
Челниците на Иран тврдат дека добиваат моментум во војната со САД и Израел
Американската амбасада во Багдад нападната со дрон
Саудиска Арабија: Соборени над 20 дронови лансирани од Иран
Трамп верува дека Израел нема да употреби нуклеарно оружје против Иран
Проценките за „порозниот“ Ормуз ги намали цените на нафтата под 102 долари за барел
Грција одобри купување на систем за воздушна одбрана и надградби на авионите Ф-16
Tуркије ја осудува израелската копнена инвазија во Либан
Бензините поскапуваат за 7 денари, дизелот за 6,5 денари за литар
САД дозволуваат иранските танкери да минуваат низ Ормускиот теснец
Муцунски - Хоџа: Подготвеност за унапредување на билатералните односи
Мицкоски: Денес во Кочани оддаваме тивка, но длабока почит кон невините животи што прерано згаснаа
Симболична инсталација „63 бели столчиња – 63 животи“ во Кочани