| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Иран: САД и Израел испраќаат терористи на ИСИС (ДАЕШ) да вршат напади
Началникот на Генералштабот на Иранските вооружени сили, Абдолрахим Мусави, изјави дека овој потег уследил по, како што рече, неуспехот на Вашингтон и Тел Авив во неодамнешната „12-дневна војна“ против Иран
Иран: САД и Израел испраќаат терористи на ИСИС (ДАЕШ) да вршат напади
Иран: САД и Израел испраќаат терористи на ИСИС (ДАЕШ) да вршат напади / Reuters
13 јануари 2026

Највисокиот воен командант на Иран ги обвини САД и Израел дека испратиле припадници на терористичката организација ИСИС (ДАЕШ) во земјата со цел да извршат напади врз цивилите и припадниците на безбедносните сили, јавува Анадолу.

Началникот на Генералштабот на Иранските вооружени сили, Абдолрахим Мусави, изјави дека овој потег уследил по, како што рече, неуспехот на Вашингтон и Тел Авив во неодамнешната „12-дневна војна“ против Иран.

Мусави наведе дека припадниците на ИСИС, кои ги опиша како „платеници“, биле инфилтрирани во земјата за да извршат насилни напади насочени и кон иранското население и кон безбедносните сили.

„Иран нема да толерира никакво нарушување на својот суверенитет или територијален интегритет“, рече тој, додавајќи дека безбедносните сили постапувале воздржано при справувањето со протестите, но нема да дозволат „терористички елементи“ да дејствуваат на улиците.

Ниту САД ниту Израел не дадоа одговор на овие обвинувања.

Иран од минатиот месец е зафатен од антивладини протести поради влошената економска состојба и рекордната девалвација на националната валута, риалот, кој падна на 145.000 за еден американски долар, што доведе до нагло зголемување на цените на основните производи.

Иранските власти ги обвинија САД и Израел дека ги поддржуваат она што го опишуваат како „вооружени бунтовници“, кои извршија неколку напади на јавни места низ целата земја.

Нема официјални бројки за жртвите, но Новинската агенција за човекови права (ХРАНА), група за човекови права со седиште во САД, проценува дека бројот на жртви достигнал најмалку 646, вклучувајќи ги и припадниците на безбедносните сили и демонстрантите, а над 1.000 се повредени.

ХРАНА, исто така, објави дека најмалку 10.721 лице се приведени на протестите на 585 локации низ целата земја, вклучувајќи 186 градови во сите 31 провинција.


Повеќе
Трамп се пошегува дека Венецуела би можела да стане 51-та држава на САД
Земјотрес со магнитуда од 5,8 степени ја погоди Куба
Челниците на Иран тврдат дека добиваат моментум во војната со САД и Израел
Американската амбасада во Багдад нападната со дрон
Саудиска Арабија: Соборени над 20 дронови лансирани од Иран
Трамп верува дека Израел нема да употреби нуклеарно оружје против Иран
Проценките за „порозниот“ Ормуз ги намали цените на нафтата под 102 долари за барел
Грција одобри купување на систем за воздушна одбрана и надградби на авионите Ф-16
Tуркије ја осудува израелската копнена инвазија во Либан
Бензините поскапуваат за 7 денари, дизелот за 6,5 денари за литар
САД дозволуваат иранските танкери да минуваат низ Ормускиот теснец
Муцунски - Хоџа: Подготвеност за унапредување на билатералните односи
Мицкоски: Денес во Кочани оддаваме тивка, но длабока почит кон невините животи што прерано згаснаа
Симболична инсталација „63 бели столчиња – 63 животи“ во Кочани
Коноли предупредува против „нормализација на војната“ поради тензиите на Блискиот Исток