| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Бадникови поворки во повеќе од 80 градови низ земјава и во дијаспората
Централната Бадникова поворка во Скопје ќе обедини учесници од речиси сите скопски општини, заедно со нивните градоначалници, кои и оваа година активно ќе учествуваат во организацијата на настанот.
Бадникови поворки во повеќе од 80 градови низ земјава и во дијаспората
Бадникови поворки во повеќе од 80 градови низ земјава и во дијаспората / AA Archive
6 јануари 2026

Во организација на Здружението „Бадникови поворки“ денеска ќе се одржи Бадниковата манифестација во повеќе од 80 градови и населени места низ земјава, како и меѓу македонската дијаспора во Словенија, Италија, Австрија, Франција и Соединетите Американски Држави.

Централната Бадникова поворка во Скопје ќе обедини учесници од речиси сите скопски општини, заедно со нивните градоначалници, кои и оваа година активно ќе учествуваат во организацијата на настанот.

Градоначалниците и општинските тимови во претпладневните часови ќе ги пречекаат и даруваат коледарчињата во своите општини. Потоа, со организиран превоз, децата и нивните семејства ќе се упатат кон централната манифестација во Скопје.

Формирањето на поворката ќе започне пред Музејот на Град Скопје од 11:30 до 12:00 часот, каде што на сите деца кои немаат ѕвездичка бесплатно ќе им биде подарена Божикна ѕвезда, а сите учесници ќе добијат и уметнички магнет со божикна порака – симболичен спомен од Бадникови поворки 2026.

За дечињата од Општина Кисела Вода собирот е закажан во 11:15 часот кај локацијата „Рампа“ во Кисела Вода, каде најмладите ќе бидат пречекани со божикни ѕвездички. По собирот, учесниците заедно ќе продолжат кон Музејот на Град Скопје, каде во 12:00 часот ќе се приклучат на поворката исполнета со детска песна.

Точно во 12:00 часот, поворката пеејќи ја песната „Вечниот Бог“ ќе тргне по улицата „Македонија“ и ќе пристигне на плоштадот „Македонија“, пред сцената кај Божикната пештера.

По пристигнувањето на поворката на плоштадот „Македонија“, ќе следува „Божикната авантура“ – голема музичко-сценска изведба во живо, со повеќе од 40 музичари, пејачи, актери и учесници од „Златно славејче“.

Традиционално, во претпладневните часови, групи деца и млади од Бадниковите поворки ќе остварат празнични посети кај претседателката на државата Гордана Силјановска-Давкова, архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски.

Здружението „Бадникови поворки“ ги поканува сите граѓани, семејства и деца да се приклучат на Бадниковите поворки 2026, без потреба од претходно пријавување.

Веќе 16 години, Бадниковите поворки претставуваат симбол на светлина, заедништво и достоинствено празнување на Бадник во земјава и пошироко.

Манифестацијата е поддржана од Министерството за култура и Град Скопје.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Трамп: Ќе распоредиме многу голема сила ако пропаднат преговорите со Иран
Ердоган и Судани разговараа за борбата со тероризмот и меѓусебната соработка
Вучиќ: Србија останува сигурен партнер на Кина во Европа
Помеѓу тумори и траума, болните во Газа се соочуваат со војна вон линиите на фронтот
Што значат растечките врски меѓу Туркије и Египет за регионот
Со истекот на „Новиот СТАРТ“, дали САД и Русија можат да постигнат нов пакт за нуклеарното оружје
Пет децении посветеност: Турскиот мајстор Мустафа 58 години им дава живот на радијата
Кога палењето куќи повеќе не се смета за тероризам во окупираниот Западен Брег
Дали Израел ќе почне уште еден голем воен напад врз Газа?
Мерц: ЕУ мора да гради партнерства со Туркије, Индија и Бразил
Калас: Советот за безбедност на ОН не работи онака како што треба
Германија ја осудува руската забрана за програмата за академска размена на DAAD
Кремљ: Следната рунда преговори за војната во Украина ќе се одржи во Женева
Британската полиција повеќе нема да апси поддржувачи на „Палестинска акција“ без докази
Побарана одговорност за трамвајската несреќа на протестот во Сараево