Ниту една фудбалска ѕвезда не смее да го урива авторитетот на судијата
СПОРТ
3 мин читање
Ниту една фудбалска ѕвезда не смее да го урива авторитетот на судијатаАлександар Ставрев со значка на ФИФА ја делеше правдата на натпревари од елитните европски натпреварувања. Со него разговаравме за условите за да се стане реномиран арбитар и како судијата да го има под контрола натпреварот на кој играат и големи ѕве
Aleksandar Stavrev / TRT Balkan MK
24 август 2025

И судел на Барселона со Меси, Чави и Иниеста. На Реал Мадрид, Баерн Минхен, Порто, Бенфика. Ја делел правдата во Лигата на европските шампиони и на натпревари на најдобрите репрезентации. Во речиси 19 годипшната кариера како ФИФА фудбалски судија судел на преку 1 000 мечеви. 

 Доскорешниот фудбалски судија, а сега судиски контролор Александар Ставрев во разговор за ТРТ Балкан открива кои услови треба да ги исполнат кандидатите од македонското првенство за да станат меѓународни судии со значки на ФИФА и УЕФА.

 Кандидатот потребно е да има одредено искуство, одреден број на натпревари во македонското фудбалско првенство, да има одредени квалитети, да има одредена личност, да има образование, познавање на странски јазици секако е задолжително и фудбалската федерација да смета дека во него има некоја перспектива барем во наредните 10-15 години да се развива на таа ФИФА листа”, вели Ставрев.

 Ако судијата го мине филтерот од извештаите на контролорите зависи какви натпревари ќе му се доделуваат. ФИФА им дава шанса и на помалите земји. Ниту една фудбалска ѕвезда не смее да го урива авторитетот на главниот судија на теренот. Тој го одредува пристапот во разговор со капитенот и клучните играчи. Судијата треба да знае како од главните играчи да создаде партнери за менаџирање на останатите актери на теренот.

 Вие на теренот се среќавате со 22 различни карактери, различнии играчи. На секој му е потребен различен пристап. На некој треба со шала да му се пристапи, на некој треба остро да му се пристапи. Многу е полесно да се справите со некој врвен играч отколку со некој неквалитетен бидејќи добриот играч, квалитетниот, гледа да го изигра своето. Лошиот играч поготово ако не му е денот гледа да ги покрие своите грешки со реакции или со поплаки кон судијата”, вели Ставрев.

 Судијата носи околу 300 одлуки на натпревар. ВАР технологијата, обезбедила поголема правичност, смета тој. 

 „Морам да напоменам дека судиите исто така сега судат со многу помалку притисок отколку порано бидејќи знаат дека позади нив има помош. Доколку се направи некоја крупна грешка ќе може да се корегира. За разлика од минатото кога една таква грешка значеше елиминација на некоја екипа од некое финале или од пласман на некое европско или светско првенство”, смета реномираниот арбитар.

 Фудбалските ѕвезди, открива Ставрев не се однесуваат секогаш како ВИП личности.

 Tука се да поделат и автограми на навивачите, на дечињата кои ќе успеат да се доближат до нив. Со нив исто така може да се поразговара во подтрибинските простории. Така што друго е кога ги гледаме на телевизија, друго на терен кога играат, но приватно надвор од теренот се нормални личности како и ние”, открива Ставрев.

 Порто – Митјиланд во Лигата на шампионите беше последниот натпревар кој го судеше Ставрев. Замина во судиска пензија на 47 години.

 

Повеќе
Бахреин и Катар пресретнаа повеќе од 170 ирански ракети и десетици дронови за три дена
Судот го одби барањето на администрацијата на Трамп да го одложи враќањето на парите од царините
Нетанјаху: Нема да има бесконечна војна против Иран
Арагчи: Рубио призна дека САД почнале војна со Иран во име на Израел
Во Иран почна погребната поворка за 165 деца убиени во американско-израелскиот напад врз училиште
Пакистан: Американските маринци пукале во демонстрантите кои упаднале во конзулатот во Карачи
ЕУ го засилува енергетскиот и безбедносниот надзор поради тензиите на Блискиот Исток
Иран го затвори Ормускиот теснец и се закани со напади врз бродовите
Вашингтон ги повика Американците веднаш да го напуштат Блискиот Исток
Ирански дронови ја погодија амбасадата на САД во Ријад
Холандската партија Денк го обновува законот против дискриминација при вработување
Израел започна со големи воздушни напади врз Техеран и Бејрут
Двајца припадници на Департманот за војна на САД повредени во Бахреин
Челик: Нападот врз Иран е неправеден и спротивен на меѓународното право
Цените на гасот во Европа скокнаа за 48% поради нападите на Блискиот Исток