| Macedonian
Истражување: ВИ асистентите пречесто „лажат“ и „измислуваат“ во одговорите
Ботовите на вештачка интелигенција како ChatGPT, Copilot, Perplexity и Gemini измислуваат настани, факти, податоци, погрешно цитираат новинарски извори, па дури креираат и лажни линкови до веб страни
Истражување: ВИ асистентите пречесто „лажат“ и „измислуваат“ во одговорите
Истражување: ВИ асистентите пречесто „лажат“ и „измислуваат“ во одговорите / Reuters
22 октомври 2025

Речиси половина од понудените одговори на асистентите со Вештачка интелигенција (ВИ) како што се ChatGPT, Copilot, Perplexity и Gemini, содржеле грешки, откри истражувањето на Норвешката радиодифизија и уште над 20 медиумски организации.

Најчестиот проблем беа неточните или недостасувачките цитати, што влијаело на 31% од одговорите, додека 20% вклучуваа лажни фактички информации како што се погрешни датуми, имиња или описи на настани.

Во некои случаи, четботовите дури измислија линкови до лажни вести, имитирајќи вистински URL-адреси што водеа до страници за грешки наместо до постоечки статии.

„Одговорите што ги добивме се загрижувачки и не нè направија да се чувствуваме посигурни во врска со олабавувањето на контролата“, рече Пал Недреготен, директор за технологија на НРК.

За да ја спроведе студијата, НРК привремено им дозволи на компаниите за вештачка интелигенција автоматски да собираат содржина од нивната веб-страницата.

„Сакавме да разбереме како нашиот уреднички материјал може да се користи или претстави во услугите за јазичните модели“, рече Недреготен, нагласувајќи дека НРК оттогаш ги блокира сите преземањеа за да ја заштити новинарската и авторската содржина.

Тестот се базираше на претходен експеримент на Би-Би-Си, каде што 22 јавни радиодифузери им поставуваа на четирите асистенти за вештачка интелигенција по 30 стандардизирани прашања. Потоа новинарите ги оценуваа одговорите врз основа на пет критериуми: точност, извори, одвојување на факти и мислења, неутралност и контекстуална релевантност.

Прашањата се движеа од „По што е позната Nvidia?“ до „Зошто Украина не може да се приклучи на НАТО?“

Евалуацијата покажа дека дури и широко користените алатки за вештачка интелигенција се „мачат“ одговорно да ги користат вестите, особено кога станува збор за проверка на информациите и наведување извори.

Повеќе
Туркменистан е домаќин на меѓународен форум по повод 30-годишнината од неговата трајна неутралност
Ердоган: Туркије е посветена на промовирање на мирот и дијалогот
Албанските граѓани протестираа во Тирана против корупцијата и сиромаштијата
ЕК предлага мерки за намалување на трошоците за енергија и зголемување на енергетската независност
ДЗС: Зголемен бројот на туристи и ноќевања
Димитриеска-Кочоска во Истанбул: Влегуваме во нова фаза на економска трансформација
Зеленски: САД е за примирје само по рамковниот договор, Туркије прави напори за енергетско примирје
Лавров: Русија нема агресивни планови кон ЕУ и НАТО, подготвени сме да гарантираме писмено
Путин ја потврди поддршката на Русија за Венецуела
Мерц ги повика САД да учествуваат на состанокот на високо ниво за Украина во Берлин следната недела
Руте: Ние сме следната цел на Русија
Софија: Владата на Росен Жељазков поднесе оставка пред гласањето за доверба во парламентот
Трамп: Си-Ен-Ен треба да оди на продажба по најавата за преземање на Ворнер
Регистрирани 2 милиони гласачи за предвремените избори на 28 декември во Косово
Мировниот одбор на Трамп за Газа ќе биде објавен на почетокот на 2026 година