| Macedonian
КУЛТУРА
3 мин читање
Турската заедница го одбележа Денот на наставата на турски јазик
Централната церемонија по повод Денот на наставата на турски јазик, организирана од ТИКА и МАТУСИТЕБ, се одржа во Спортската палата „Борис Трајковски“ во Скопјe.
Турската заедница го одбележа Денот на наставата на турски јазик
Турската заедница го одбележа Денот на наставата на турски јазик / AA
21 декември 2025

Со низа културно-информативни настани и свечености во Република Северна Мекедонија турската заедница го одбележа Денот на наставата на турски јазик - 21 Декември.

Централната церемонија по повод Денот на наставата на турски јазик, организирана од Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) и Здружението на турски невладини организации на Македонија (МАТУСИТЕБ), се одржа во Спортската палата „Борис Трајковски“ во Скопјe.

На настанот присуствуваа вицепремиерот на Северна Македонија и министер за транспорт, Александар Николоски, поранешниот претседател на турскиот Парламент, Мустафа Шентоп, турскиот амбасадор во Скопјe, Фатих Улусој, претседателот на ТИКА, Абдулах Ерен, министри, пратеници, политичари, претставници на турските и локалните институции, како и голем број луѓе од турската заедница во Северна Македонија.

„Нема земја поблиска до Северна Македонија од Туркије“

Говорејќи на церемонијата, Николоски нагласи дека меѓу двата народа и двете земји има многу работи што можат да ги кажат и споделат заедно.

Тој истакна дека наставата на мајчин јазик е најголемата цивилизациска придобивка што еден народ може да ја има, додавајќи: „И сум горд што можам да кажам дека Македонија тоа го овозможува на сите припадници на турската заедница, на турскиот народ којшто живее во Македонија.“

„Нема поблизок народ за македонскиот народ од турскиот народ, нема поблиска држава за Македонија од Република Турција (Туркије), и затоа треба да работиме заеднички на уште подобри услови за изучување на турскиот јазик, но и за настава на мајчин турски јазик“, нагласи тој.

Поранешниот претседател на турскиот Парламент, Мустафа Шентоп, им ги пренесе честитките на претседателот Реџеп Таип Ердоган на Турците од Северна Македонија и упати честитки до сите по повод Денот на наставата на турски јазик.

Нагласувајќи дека турскиот јазик не е само говорен јазик, Шентоп рече: „Турскиот јазик е меморија, турскиот јазик е идентитет, турскиот јазик е мост што ги поврзува срцата. Денес пишуваме име за овој мост: Ден на наставата на турски јазик“.

- „Јазикот е знаме на една нација“

Амбасадорот Фатих Улусој им се заблагодари на ТИКА и МАТУСИТЕБ за организирањето на концертот по овој повод, нагласувајќи дека „само ако правилно го учиме и подучуваме нашиот јазик, можеме да го пренесеме нашиот национален идентитет, традиции и култура на идните генерации“.

Претседателот на ТИКА, Абдулах Ерен, рече дека откако Османлиска империја се повлекла од овие земји, Турците што останале тука се обиделе да ја зачуваат својата култура, јазик и религија.

Потсетувајќи дека Денот на наставата на турски јазик се слави со голем ентузијазам, Ерен рече: „Поминаа векови, дуваа ветрови, но гласот во овие земји никогаш не згасна. Тоа парче земја за кое Јахја Кемал рече ‘Каде што турскиот не се повлекол, таму е татковината’ беше тука. Оваа битка за идентитет ја водевте вие ​​и вашите предци, и благодарение на нив денес, турската заедница во Северна Македонија продолжува да живее во мир и спокојство и да придонесува за оваа земја“.

Од своја страна, претседателот на МАТУСИТЕБ, Тахсин Ибрахим, нагласи дека денес не се слави само празник, туку се поздравува сеќавањето на идентитетот и иднината, додавајќи: „Бидејќи јазикот е знамето на една нација; ако се вее, срцата стојат цврсто, ако е тивко, сеќавањата остануваат сирачиња“

По говорите, уметникот Кирач излезе на сцената и ги изведе своите најпопуларни песни.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Фидан и иранскиот министер за надворешни работи разговараале за регионалните тензии
Арапските држави од Заливот ги повикаа САД да не почнуваат воен напад врз Иран
Американските производители на нафта нудат поддршка во Иран во случај на промена на режимот
Москва ја обвини ЕУ за лицемерие во врска со „Жолтите елеци“ и протестите во Иран
Земјоделците го напуштија Париз, протестите ескалираа во Тулуз
Израел уби двајца Палестинци во Газа во ново кршење на прекинот на огнот
Франција бележи демографски пресврт во 2025 година за првпат после Втората светска војна
Американски сенатори предлагаат закон за спречување на Трамп да го заземе Гренланд
Трамп најави „пресметка и одмазда“ за Минесота поради тужбата против ИЦЕ
Најмалку 22 загинати, 55 повредени при пад на кран врз воз во Тајланд
ОН го предупреди Израел дека ќе го тужи пред МСП поради законот против УНРВА
Бројот на жртви во Иран достигна 2.500, Техеран и Вашингтон разменуваат обвинувања
Венецуела повторно доби пристап до X по повеќе од една година
На иницијатива на премиерот Мицкоски ќе се одржи лидерска средба за реформските закони
Гренланд ако мора да бира ќе се одлучи за Данска, а не за САД