| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Мерц: Германија мора да ја изгради најсилната армија на ЕУ за да ја спречи руската закана
Ние Германците сфативме дека мирот во Европа повеќе не може да се зема здраво за готово. Заканата од Русија е реално рече германскиот кацелар
Мерц: Германија мора да ја изгради најсилната армија на ЕУ за да ја спречи руската закана
Germany Politics / AP
7 ноември 2025

Германија мора да изгради силни вооружени сили кои ќе одговараат на нејзината големина и економска моќ и ќе ги исполнуваат своите одговорности за безбедноста на Европа, изјави денеска канцеларот Фридрих Мерц.

Во видео говор на годишниот форум на германските вооружени сили, Мерц ја опиша Русија како „најголема“ закана за Европа. Тој рече дека мирот, слободата и безбедноста на Европејците се под „сериозна“ закана.

„Ние Германците сфативме дека мирот во Европа повеќе не може да се зема здраво за готово. Заканата од Русија е реална. Го гледаме тоа и во Германија, со хибридни напади секој ден - саботажа, шпионажа, сајбер напади, прелети со беспилотни летала, убиства по нарачка и целни кампањи за дезинформација “, рече тој.

Мерц ја повтори целта на неговата влада да ја изгради најсилната армија на ЕУ за да ја одврати руската закана и вети дека ќе ги зголемат трошоците за одбрана, ќе обезбедат доволно средства за модернизација на германските вооружени сили, Бундесверот, и ќе ги опремат со напредни капацитети.

„Нашите сојузници во НАТО и партнерите од ЕУ гледаат кон нас особено како на трета најголема економија во светот. Сакаме Бундесверот да го направиме најсилната конвенционална армија во ЕУ - сила соодветна за земја со наша големина и одговорност“, рече германскиот канцелар.

Мерц, исто така, истакна дека владата планира да спроведе сеопфатни реформи за зајакнување на регрутирањето и задржувањето, справувајќи се со тековните предизвици со персоналот на Бундесверот. Тој вети дека ќе ги обезбедат потребните ресурси и ќе преземат нови мерки за да ја направат воената служба попривлечна за младите луѓе.

Повеќе
Едно лице загина во иранските напади врз Бахреин
САД во првите два дена од војната потрошиле муниција во вредност од 5,6 милијарди долари
Уште 3 американски бомбардери пристигнаа во Велика Британија за време на војната во Иран
Туркије го распоредува системот „Патриот“ во областа Малатија
Иранската револуционерна гарда до Трамп: Ние сме тие што го одредуваат крајот на војната
Ердоган до Пезешкијан: Нема оправдување за нарушувањето на воздушниот простор на Туркије
Трамп: Имам план за справување со зголемувањето на цената на нафтата
Путин: Русија е подотвена да ја снабдува Европа со енергенси, ако еропските земји покажат интерес
Виртуелен состанок Туркије – ЕУ за најновите случувања во Иран
Ердоган: Да се преземаат дејствија кои фрлаат сенка на соседските и братските врски со Иран
Мерц загрижен поради зголемувањето на цените на енергенсите
Њујорк пост: Трамп не е задоволен од новиот врховен лидер на Иран
Самоопределување ја тужи Вјоса Османи за распуштањето на косовското собрание
НАТО е подготвен да ги брани сите земји членки од било каква закана
Муцунски: Очекуваме неделава сите македонски граѓани да бидат евакуирани од Блискиот Исток