Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека казната од 120 милиони евра што ја изрекоа технолошките регулатори на Европската унија врз компанијата X на американскиот милијардер Илон Маск е „грозоморна“ и дека не разбира како европските регулатори можат да го оправдаат тој потег.
„Европа оди во некои лоши насоки“, изјави Трамп пред новинарите на настан во Белата куќа во понеделник, според Ројтерс.
Трамп рече дека очекува наскоро да добие целосен извештај за казната на ЕУ за социјалната платформа X на Маск.
„Не гледам како можат да го сторат тоа. Европа мора да биде многу внимателна“, рече Трамп.
Тој додаде дека Маск не го повикал да побара помош за ова прашање.
Елон Маск повика на укинување на Европската Унија во неделата, откако ЕУ ја казни неговата социјална платформа X со 120 милиони евра за кршење на законите за транспарентност.
Главната тужба против Платформа X беше покрената според Законот за дигитални услуги (ДСA), новиот закон на ЕУ за модерирање на содржини.
По двегодишна истрага, Европската комисија пресуди против мрежата X за три прекршувања на законот.
Според регулаторите, се покажало дека пверификацијата со сино штиклирање ги доведувала во заблуда корисниците, кои едноставно можеле да платат за опцијата.
Исто така, беше откриено дека имало недостаток на транспарентност во однос на огласувачите на страницата, што ја прекршило заштитата од измама и нелегални промоции, и дека на истражувачите им бил одбиен пристап до податоци што треба да бидат јавни.
Првото прекршување резултираше со казна од 45 милиони евра, второто 35 милиони и третото 40 милиони евра.














