Македонски државјанин е повреден во израелските напади врз Газа. Информацијата на потврдија од македонското Министерство за надвореши работи и надворешна трговија.
„Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, како резултат на инцидентот од 19 март врз објект на Обединетите нации во Појасот Газа, меѓу повредените има и еден македонски државјанин, кој е пренесен на лекување во Израел“, потврдија од македонското МНР за ТРТ Балкан.
Здравствената состојба на повредениот македонски државјанин е стабилна и тој е надвор од животна опасност.
„Министерството, преку Амбасадата на Република Северна Македонија во Тел Авив, е во постојана комуникација и останува на целосно располагање на нашиот државјанин“, се вели во соопштението и се додава:
„Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во оваа прилика уште еднаш ја нагласува важноста од заштита на припадниците на меѓународните и хуманитарни организации. Нивната безбедност и интегритет мора да бидат гарантирани во сите околности, во согласност со меѓународното хуманитарно право.”












