Секој македонски граѓанин изминатата година создал по 438 килограми комунален отпад
РЕГИОН
2 мин читање
Секој македонски граѓанин изминатата година создал по 438 килограми комунален отпадСекој жител минатата година создал во просек по 438 килограми комунален отпад, што е намалување во однос на претходната 2023 кога секој жител во просек создал по 503 килограми комунален отпад
Секој македонски граѓанин изминатата година создал по 438 килограми комунален отпад / TRT Balkan
31 декември 2025

Минатата година во земјава биле собрани вкупно 637 471 тон комунален отпад, што е зголемување во однос на претгодните години, додека проценките за вкупно создаден комунален отпад се 790 866 тони, што е намалување во однос на претходните години. Целокупното количество на собран комунален отпад се фрла на депонија.

Секој жител минатата година создал во просек по 438 килограми комунален отпад, што е намалување во однос на претходната 2023 кога секој жител во просек создал по 503 килограми комунален отпад, покажуваат податоците Државниот завод за статистика.

Комунален отпад е отпад кој се собира или со него се постапува од или за општините. Го опфаќа отпадот од домаќинствата, вклучувајќи го масивниот отпад, сличен отпад од комерцијални и трговски дејности, службени згради, институции и мали бизниси, отпад од дворовите и градините, уличен смет, содржината на отпадните контејнери и
отпадот од чистењето на пазарите.

Дефиницијата го исклучува отпадот од општинските канализациски мрежи, како и отпадот од градежништвото и при уривање.

Податоците од колективните постапувачи што доставиле извештаи до Миистерството за животна средина и просторно планирање, покажуваат дека 65 проценти од вкупното количество отпад од пакувања пуштен на внатрешниот пазар бил рециклиран, односно од 80 575 тони отпад од пакување пуштен на пазарот биле рециклирани 52 605 тони.
По категории лани единствено отпадот од пакувања од хартија и картон пуштен на пазарот бил целосно и повеќе рециклиран (105%), потоа следи отпадот од метал (80%), стакло (54,6%), пластика (38,9%) и дрво (38,8%).  Во апсолутни бројки, најмногу се рециклирал отпад од хартија и картон (29 614 тони), потоа пластика (8 979 тони), стакло (7 570 тони), дрво (3 416 тони) и метал (3 026 тони).

Трошоците за заштита на животната средина во 2024 година изнесувале 10 503 523 000 денари или 169,4 милиони евра, додека од даноци поврзани со животна средина во 2023 година биле собрани 12 198 700 000 денари или 196,7 милони евра.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Почна со работа нафтоводот Солун – Скопје
Славески: Инфлацијата е стабилна, декемврискиот раст е резултат на авионскиот превоз
На македонските аеродроми лани превезени 3,5 милиони патници, раст од 9% на годишно ниво
Балканот под снег и мраз: Вонредни мерки во Србија, портокалов аларм во БиХ и Хрватска
Во Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа повторени избори за градоначалник
НИС договори увоз на нафта преку ЈАНАФ, испорака на првите количини во текот на следната недела
Завршено пребројувањето на гласовите на Косово: Самоопределување освои 57 места во Парламентот
Рама за поплавите во Албанија: Ќе ги исполниме сите обврски кон засегнатото население
Гувернерот Славески очекува пад на инфлацијата и раст на економијата во 2026 година
Раст и на извозот и на увозот во периодот јануари - ноември 2025 година
Едно лице загина во невремето во Албанија, поплави во неколку градови
Косово е прекриено со снег, дел од патиштата се заледени
БиХ начелно го одобри учеството на припадници на Вооружените сили во мировната мисија во Газа
Пленковиќ: Хрватска никогаш не размислувала за испраќање војници во Украина
Хрватската полиција добила предупредување за можни напади врз граничните премини на БиХ
Христијаните во земјите од регионот го одбележуваат празникот Божиќ
Северна Македонија меѓу 60-те целни земји на Туркије за извоз во 2026 година
Невреме со обилни врнежи ги зафати Албанија и Косово, поплави во повеќе области
Бадникови поворки во повеќе од 80 градови низ земјава и во дијаспората
ДЗС се засили со уште еден професионален пилот