| Macedonian
СВЕТ
1 мин читање
Разговорите меѓу САД и Иран во Оман завршија без ниедна од страните да направи значајни отстапки
Американските и иранските претставници водат индиректни разговори преку омански посредници, при што позициите остануваат непроменети, објави „Волстрит Журнал”
Разговорите меѓу САД и Иран во Оман завршија без ниедна од страните да направи значајни отстапки
A general view of Muscat, ahead of the awaited negotiations between U.S. and Iran, in Oman / Reuters
пред 8 часа

Индиректните разговори меѓу САД и Иран во Оман денеска завршија без ниедна страна да направи големи отстапки.

Двете страни не се сретнаа лице в лице, туку наизменично водеа разговори преку омански дипломати, при што ниту една страна не се помести од својата почетна позиција за време на разговорите, изјавија за „Волстрит журнал“ луѓе запознаени со дискусиите.

Oстанува нејасно како дискусиите влијаеле врз пошироките напори за постигнување дипломатско решение за нуклеарната програма на Иран, бидејќи очекувањата пред состанокот веќе беа ниски меѓу регионалните функционери и аналитичарите, се додава во извештајот.

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, ги опиша разговорите во петокот како „добар почеток“, велејќи дека тие би можеле да продолжат ако се надмине атмосферата на недоверба. Тој рече дека е договорено процесот да продолжи и дека страните би можеле повторно да се состанат во Мускат подоцна.

Оманскиот министер за надворешни работи, Бадр Албусаиди, рече дека разговорите биле „многу сериозни“, помагајќи да се разјаснат позициите на двете страни и да се идентификуваат областите за можен напредок.

Иран и САД ја продолжија индиректната нуклеарна дипломатија во петокот по недели зголемени тензии, поттикнати од заканата на американскиот претседател Доналд Трамп за воена акција против земјата.

Повеќе
Канадскиот премиер Карни: Туркије е значаен партнер за Канада
Како црвен автомобил од Азербејџан стана симбол на солидарност по земјотресот во Туркије во 2023
Војската на САД уништи уште еден наводен нарко-брод во Пацификот
Турски МИТ приведе двајца осомничени соработници на Мосад во Истанбул
Арагчи и Бусаиди се сретнаа пред разговорите САД-Иран во Оман
Трамп: САД и Русија не треба да го продолжат договорот СТАРТ, туку да постигнат нов
САД ги повика своите државјани веднаш да го напуштат Иран
Иран: Влегуваме во нуклеарните разговори со САД со добра волја
Зеленски: Нашите територии се наши иако се привремено окупирани
Трамп: Иран не сака да го нападнеме
Русија и Украина разменија по 157 воени затвореници
Виткоф: Русија и Украина се согласиja да разменат над 300 воени заробеници
Средба Ердоган- Мицотакис наредната недела во Анкара
Хрватска воведува задолжително учење јазик за странски работници
Мисајловски на REAIM самит вo Шпанија