| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Билал Суџубаши избран за претседател на Управниот одбор на Меѓународниот балкански универзитет
Според Универзитетот, со ова именување започнува нова фаза во развојот на институцијата, насочена кон унапредување на квалитетот на образованието и зајакнување на меѓународната соработка.
Билал Суџубаши избран за претседател на Управниот одбор на Меѓународниот балкански универзитет
Билал Суџубаши избран за претседател на Управниот одбор на Меѓународниот балкански универзитет / AA
пред 16 часа

Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ) го именуваше Билал Суџубаши за нов претседател на Управниот одбор (УО).

Според Универзитетот, со ова именување започнува нова фаза во развојот на институцијата, насочена кон унапредување на квалитетот на образованието и зајакнување на меѓународната соработка.

Одлуката беше донесена на годишниот состанок на Одборот на доверители на Фондацијата „ÜSKÜP“ и Управниот одбор, кој се одржа на 7 февруари 2026 година во Истанбул.

На состанокот беа избрани и нови состави на Управниот и Надзорниот одбор. Нови членови на УО на Универзитетот се и Ајдован Адемоски, Есер Џевахир, Салих Мурат, Мурат Киркан, Сулејман Каракуш и Кенан Мазлами.

Во знак на признание за долгогодишниот придонес, досегашниот претседател Реџеп Сулејман Оздил беше именуван за почесен претседател.

„Со оваа одлука, Универзитетот добива раководство со силна академска визија, меѓународно и локално искуство, како и со јасна определба за унапредување на квалитетот во високото образование. Новото раководство ќе работи на понатамошна интернационализација, модернизација на наставните програми и унапредување на студентскиот стандард“, стои во соопштението.

Суџубаши има повеќедецениска кариера во банкарскиот сектор, образованието и во унапредувањето на локалната и регионалната бизнис-заедница. Од 2017, па до август 2025 година ја извршуваше и функцијата главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје. Потоа, тој беше назначен за главен извршен директор на новата Халк Катилим Банка во Туркије.


ИЗВОР:AA
Повеќе
Турски Рокетсан ја претстави лизгачката муниција со вештачка интелигенција „Ерен“
Германската влада планира нарачка на борбени дронови вредни 536 милиони евра
Регистар на цени и закупнини: Во четвртиот квартал лани 1.004 новоизградени станови
Венецуела соопшти дека 896 притвореници се ослободени, а лидерот на опозицијата повторно е уапсен
ССМ на протест пред Собранието
Макрон: Европа треба да се подготви за понатамошна конфронтација со САД
Високиот ирански безбедносен функционер пристигна во Оман за да разговара за нуклеарните разговори
Двајца загинати во нов американски напад врз брод во Пацификот
Трамп се спротивставува на израелската анексија на Западниот Брег
Фидан: Воздушните напади нема да го соборат иранскиот режим
Деветмина Палестинци убиени во вчерашните израелски напади во Газа
Османи: Патот на Косово кон НАТО и ЕУ е несопирлив
Турскиот министер за надворешни работи се сретна со високиот претставник за Газа
Вучиќ возможно е да се кандидира за премиер на Србија
За една седмица констатирани речиси 5.000 сообраќајни прекршоци преку системот „Безбеден град“