Силјановска Давкова: Секој што тврди дека само уставните измени се услов не е искрен
Македонската претседателка Силјановска-Давкова смета дека секој што тврди дека само уставните измени се услов за членство во ЕУ не е искрен и дека нема жалба да ја разбере нашата загриженост. Добрососедските односи треба да бидат мост кон ЕУ, а не инструмент за неодредено одложување на европската перспектива на соседот.
Ердоган ја потврдува посветеноста кон „Туркије без тероризам“
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган истакна дека Туркије останува посветена на економскиот раст, независноста на одбранбената индустрија и процесот „Туркије без тероризам“, нагласувајќи ја важноста на политичкиот и општествениот консензус.
Тани: Регионот не може да си дозволи нова ескалација на војната Иран-САД
Катарскиот премиер и министер за надворешни работи, шеик Мухамед бин Абдулрахман ал Тани, предупреди дека Блискиот Исток не може да си дозволи уште една рунда тензии меѓу САД и Иран. Доха продолжува да работи на посредување за преговори меѓу двете страни, но засега нема напредок во нивните односи.
Јапонија ја потврди поддршката за Меѓународниот кривичен суд
Јапонската премиерка Санае Такаичи ја потврди поддршката на Токио за Меѓународниот кривичен суд за време на состанокот со Томоко Акане претседателката на судот во јапонската претстолнина, и се заложи да ја исплати предвреме следната транша за финанска поддршка за работењето на судот кој е под санкции на САД.
И за крај на денешниот блиц…
Ши се спротивстави на одземањето земјиште од Палестинците
Кинескиот претседател Ши Џинпинг се спротивстави на одземањето земјиште и дејствата со кои се прекршуваат правата на Палестинците, повикувајќи на траен прекин на огнот во Газа и заштита на цивилите. Тој смета дека само решението на палестинското прашање со две држави може да ја надмине суштината на проблемите во Блискиот Исток
Тоа беше сѐ за денешните блиц вести, за повеќе информации следете нѐ на социјалните мрежи
