Кина најави итна хуманитарна помош за повеќе земји од Блискиот Исток погодени од конфликтот. Иранските власти тврдат дека добиваат замав во судирите со САД и Израел. Американската амбасада во Багдад беше цел на напад. Ирска, одби учество во мисија за повтроно отворање на Ормускиот теснец.
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е вторник 17 март
Кина ќе им понуди итна хуманитарна покмош на Иран, Јордан, Либан и Ирак
Кина денеска соопшти дека одлучила да понуди итна хуманитарна помош на Иран, Јордан, Либан и Ирак во услови на тековниот вооружен конфликт на Блискиот Исток. Пекинг „останува посветен на визијата за градење заедничка заедница на човечност и хуманитарен дух“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи Лин Џиан за новинарите во кинеската престолнина.
Челниците на Иран тврдат дека добиваат моментум во војната со САД и Израел
Секретарот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран Али Лариџани изјави дека претстои „историска победа“ на иранскиот народ над она што тој го нарече „остатоците од островот Епстин“. „Пред 47 години, во пресрет на победата на иранскиот народ во Исламската револуција, „заблудениот“ премиер на режимот на Пахлави рече дека звукот на огромни толпи на улиците не е вистински и е од снимки“, рече Али Лариџани.
Саудиска Арабија: Соборени над 20 дронови лансирани од Иран
Саудиска Арабија денес објави дека од раните утрински часови пресретнала и соборила вкупно 26 дронови во источниот регион, во услови на регионална ескалација. Министерство за одбрана на Саудиска Арабија ги потври нападите во серија на објави на платформата Х.
Американската амбасада во Багдад нападната со дрон
Нов бран ракетни напади со беспилотни летала го погоди комплексот на Амбасадата на Соединетите Американски Држави (САД) во Багдад рано утрово, активирајќи ги сирените за предупредување и противвоздушните системи. Сепак, детали за обемот на штетата и евентуални повредени од нападите не се веднаш објавени.
И за крај на денешниот блиц…
Ирска ја исклучува можноста за приклучување кон мисијата за повторно отворање на Ормускиот теснец
Ирскиот премиер, Мајкл Мартин, ја исклучи можноста за вклучување на Ирска во каква било мисија на ЕУ за повторно отворање на стратешката нафтена рута пред неговата посета на Белата куќа во вторник. „Немаме таков офанзивен воен капацитет во никаква форма, па очигледно тоа не е нешто што е на нашата агенда“, рече тој. Неколку европски земји, исто така, ги отфрлија повиците од САД за распоредување поморски сили во Ормускиот теснец, нагласувајќи дека немаат намера воено да се вклучат во ескалирачкиот конфликт со Иран.
Тоа е сѐ за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com
