| Macedonian
Дневни блиц вести 15.01.2026
00:00
00:0000:00
Свет
Дневни блиц вести 15.01.2026
Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е четврток 15 јануари
15 јануари 2026

САД почнуваат со продажба на венецуелска нафта, француската влада опстојува по гласања за доверба;  Данска предупредува дека евентуално американско преземање на Гренланд би значело крај на НАТО.

Слушате Блиц вести на ТРТ Балкан на македонски, денеска е четврток 15 јануари

САД тврди дека почнале да продаваат венецуелска нафта

Соединетите Американски Држави (САД) ја финализираа првата продажба на венецуелска нафта, во вредност од 500 милиони долари, изјави официјален претставник на американската администрација за „Си-ен-ен“. Тој додаде дека се очекува поголема продажба на нафта во наредните денови и недели. Претходно американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека има намера да пристапи до нафтените резерви на Венецуела – најголемите во светот – по американската воена интервенција во земјата и заробувањето на претседателот Николас Мадуро.

Француската влада вчера преживеа две гласања за доверба

Францускиот премиер Себастијан Лекорну вчера преживеа две гласања за доверба во парламентот, па владата може да се фокусира на уште една дебата за буџетот во наредните денови. Целта на гласањето за доверба, кое го побараа крајнодесничарската Национален собор (РН) и крајнолевичарската Франција Неосвоена (ЛФИ), беше да се протестира против трговскиот договор на Европската Унија со јужноамериканскиот трговски блок Меркосур.

Данска предупредува дека насилното преземање на Гренланд од страна на САД би било крај на НАТО

Данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен предупреди дека секој обид без консензус на САД да го стекнат Гренланд би значел колапс на Северноатлантската алијанса, додека ги отфрла тврдењата за кинеско влијание на островот за време на телевизиско интервју во среда. „Барем не се надевам, бидејќи, мислам, тоа би бил крај на НАТО“, изјави Расмусен за Фокс њуз кога беше прашан дали Вашингтон би можел да се обиде да ја преземе контролата врз автономната територија против волјата на Копенхаген.

Ал Шара: СДФ не го почитува договорот во Алепо

Сирискиот претседател Ахмед ал-Шара изјави дека терористичката организација ЈПГ/СДФ не се придржува до договорот од 1 април 2025 година во врска со населбата Шеик Максуд во Алепо, соопшти сириската телевизија „Ал-Икбарија“. Договорот предвидува повлекување на терористите под закрилата на СДФ од Шеик Максуд, при што ќе остане ограничен број припадници на безбедносните сили на Министерството за внатрешни работи, заедно со локалните жители, за да управуваат со безбедноста и услугите поради уникатниот општествен состав на областа.

И за крај на денешниот блиц…

Почнува Европско првенство во ракомет 2026

Со натпреварите Франција – Чешка и Шпанија – Србија вечер од 18 часот почнува 17. Европско првенство во ракомет за мажи. ЕХФ Еуро 2026 ќе трае до 1 февруари за кога се закажани натпреварите за медали. Домаќини на најголемиот континентален ракометен собир оваа година ќе бидат Данска, Норвешка и Шведска. Ова е второ ЕП што ќе се игра во три земји, по првенството во 2020 година. На завршниот турнир ќе учествуваат 24 репрезентации, по четврти пат откако беше воведен проширениот формат на натпреварувањето.

Тоа е сѐ за денешните блиц вести. За повеќе посетете нѐ на macedonian.trtbalkan.com

Слушни повеќе
Дневни блиц вести 12.03.2026
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите
БалканКаст: Пораките кои папата Франциско ги остави во регионот