8 декември 2025
Цветна Фабрика е приказна за цветови, емоции и креативност- создадена од Исидора Кутлешовска и Сандра Спирова, две жени кои веруваат дека букетот не е само украс, туку момент што се подарува.
Во нивното студио, секој аранжман е раскажана мисла, внимателно споена боја и текстура, малиот ритуал што нè враќа во сегашниот момент.
Од лични прослави до соработки со Музејот на современа уметност, нивниот препознатлив печат расте цвет по цвет – секогаш со намера, со доверба и со длабока почит кон секоја емоција што ја преточуваат во уметност.

