| Macedonian
ПОЛИТИКА
1 мин читање
Протестот на пензионерите во Аргентина стана насилен, најмалку 20 лица се повредени
На социјалните мрежи кружат снимки на кои се гледа како полицијата ги тепа и влече демонстрантите, вклучувајќи го и моментот кога 87-годишна жена се здобила со повреда на главата додека другите се обидувале да и помогнат
00:00
Протестот на пензионерите во Аргентина стана насилен, најмалку 20 лица се повредени
На пензионерите им се приклучиле фудбалските навивачи, синдикати и прогресивните групи, што резултираше со приведување на103 лица / AA
13 март 2025

Безбедносните сили се судрија со демонстрантите во аргентинскиот главен град Буенос Аирес во средата за време на протестот организиран од пензионери на кои им се приклучија фудбалските навивачи, синдикатите и прогресивните групи, што резултираше со најмалку 20 повредени.

Полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите, меѓу кои имало и постари граѓани, жени и млади. Приведени се најмалку 103 лица.

На социјалните мрежи кружат снимки на кои се гледа како полицијата ги тепа и влече демонстрантите, вклучувајќи го и моментот кога 87-годишна жена се здобила со повреда на главата додека другите се обидувале да и помогнат.

Меѓу повредените е и аргентинскиот фоторепортер Пабло Грило, кој се здоби со сериозна повреда на главата откако беше погоден од солзавец додека известуваше од протестот. Грило бил пренесен во болница на лекување.

Некои љубители на фудбалот фрлаа стапови и конзерви кон полицијата, која одговори со штитови. Демонстрациите беа задушени со присуство на околу 800 полицајци.

Пензионерите, кои во среда попладне редовно протестираат пред Националниот конгрес, бараат повисоки пензии и подобри услови за живот.


Повеќе
Фон дер Лајен: ЕУ мора итно да го промени својот пристап кон надворешната политика
Иран ќе го конфискува имотот на своите државјани во странство „виновни за соработка“ со САД и Израел
Кина побара да не се таргетира новозначениот ирански врховен лидер
Зеленски: Украина испрати пресретнувачи на дронови и експерти во американските бази во Јордан
Хрватска: Од денеска почнува двомесечната задолжителна воена обука
Голем пожар избувна во шкотскиот град Глазгов, се урна историска зграда
Израел уби тројца Палестинци во Газа, меѓу кои и две деца, во уште едно кршење на прекинот на огнот
Тројца Палестинци убиени од нелегални израелски доселеници во окупираниот Западен Брег
Кој е Моџтаба Хамнеи, новиот врховен лидер на Иран?
Избувна пожар во бахреински Маамер по ирански напад
Владејачката алијанса „Историски пакт“ победи на конгресните избори во Колумбија
Израел се подготвува за подолга војна со Иран
Трамп вели дека одлуката за прекин на војната со Иран ќе биде донесена заеднички со Израел
Цените на нафтата надминаа 100 долари за барел првпат од 2022 година
Србија забрани извоз на нафта и горива