| Macedonian
ВОЈНА ВО ГАЗА
2 мин читање
ОН повикува на целосно повторно отворање на преминот Рафах за луѓето од Газа
Од ОН велат дека се залагаат за отворање на премините за движење на хуманитарен товар, на луѓе и хуманитарни работници, додавајќи дека цивилите од Газа мора да имаат право да заминат или да се вратат доброволно, слободно и без никаков притисок
ОН повикува на целосно повторно отворање на преминот Рафах за луѓето од Газа
Израелските сили го блокираат движењето на Палестинците низ преминот Рафах од мај 2024 година / Reuters
3 декември 2025

Портпаролот на Обединетите нации, Стефан Дужарик, во среда повика на целосно повторно отворање на граничниот премин Рафах, откако се појавија спротивставени изјави од владите на Израел и Египет за тоа дали клучниот премин наскоро повторно ќе биде оперативен.

„Видовме контрадикторни извештаи“, им рече Дужарик на новинарите, алудирајќи на тврдењата на Израел дека преминот може да биде повторно отворен и негирањето на Египет за каква било координација по ова прашање.

Дужарик нагласи дека ОН се залага за отворање на премините за „движење на хуманитарен товар, движење на луѓе и хуманитарни работници“, додавајќи дека цивилите од Газа мора да имаат право да заминат или да се вратат „доброволно, слободно и без никаков притисок“.

Тој рече дека координацијата меѓу Израел и Египет е предуслов за повторно отворање, но нагласи дека „хуманитарните императиви мора да бидат приоритет“.

Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања продолжува, како што изјави тој, да добива извештаи за израелски воздушни напади, гранатирање и други воени операции во Газа што предизвикуваат цивилни жртви, раселување и уништување.

Дуџарик рече дека ситуацијата во Газа е подобра отколку пред објавувањето на прекинот на огнот, но предупреди дека станува збор за споредување на ужасна и стравична ситуација со исклучително предизвикувачка, благо речено.

Преминот Рафах, единствената копнена врска на Газа со светот што не е контролиран од израелските власти, требаше да се отвори минатиот октомври како дел од договорот за прекин на огнот меѓу движењето Хамас и Израел, но остана затворен поради она што ОН и локалните извори го нарекуваат непочитување на договорот од страна на Израел.

Според Дуџарик, од мај 2024 година, израелските сили го блокираат движењето на Палестинците низ преминот Рафах.

Коментирајќи го случајот во саботата, кога две палестински момчиња, на возраст од осум и десет години, беа убиени во израелски напад со беспилотни летала на југот на Газа, Дуџарик рече дека тоа било ужасно и страшно.

„Тешко е да се види како 8- и 10-годишни момчиња можат да се сметаат за закана“, рече тој, повикувајќи на истрага и одговорност.

Областа погодена од нападот е во зона која сè уште ја држат израелските сили според условите на прекинот на огнот што стапи на сила во октомври.

Повеќе
Немало разузнавачки информации дека Иран прв ќе нападне, му соопштил Пентагон на Конгресот
Оштетена Амбасадата на Србија во Техеран за време на воздушните напади
Трамп: Нападите врз Иран би можеле да траат четири недели или помалку
„Ер Франс“ ги продолжува суспензиите на летовите кон Блискиот Исток до вторник
Кувајтско министерство за одбрана: Се урнале неколку американски воени авиони
Израелската армија врши рација во бегалски камп на Западниот Брег, евакуира домови за воена употреба
Ердоган со интензивна дипломатска мисија околу тензиите поврзани со Иран
Аракчи: Иран ќе одлучи кога и како ќе заврши војната
Иран испали балистички ракети кон Израел, 9 мртви во Беит Шемеш, 12 убиени низ целата земја
Најмалку 31 лице загина во израелските напади врз Бејрут и јужен Либан
Телефонски разговор Муцунски - Ал Мураихи: Цврста солидарност и целосна поддршка кон Катар
Сиљановска-Давкова: Цврсто сум убедена дека нема зошто да се грижиме во моментов
Претседателот на Иран објави дека иранските сили ќе продолжат да ги напаѓаат непријателските бази
ЦЕНТКОМ: Тројца американски војници загинаа, петмина тешко ранети во операцијата против Иран
Израелската армија започна нов бран напади врз иранскиот главен град