| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
Сиљановска-Давкова: Цврсто сум убедена дека нема зошто да се грижиме во моментов
„Како претседателка можам да кажам дека имам цврсто уверување, не само институционално туку и документирано со податоци, дека нема зошто да се грижиме во моментов“, изјави Сиљановска-Давков
Сиљановска-Давкова: Цврсто сум убедена дека нема зошто да се грижиме во моментов
Сиљановска-Давкова: Цврсто сум убедена дека нема зошто да се грижиме во моментов / Other
1 март 2026

Состојбата е стабилна и безбедна врз основа на податоците на агенциите за разузнавање и за национална безбедност, како и од податоците на министерствата за надворешни работи, за внатрешни и за одбрана со Генералштабот на Армијата, изјави вечерва македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова за медиумите по завршувањето на седницата на Советот за безбедност во претседателската Вила Водно, свикана поради влошената состојба на Блискиот Исток.

„Ние не сме во моментов изложени на нестабилност, ниту има опасности по безбедноста внатре и во регионот. Систем на рано предупредување веќе псоти заради координацијата на сите надлежни органи и тој е многу важен и поврзан со постојано следење на воените состојби. Значи, институциите ја следат состојбата во рамките на надлежноста, ги анализираат состојбите, се координираат, информираат и затоа мислам дека оваа оценка на стабилност и на безбедност е релевантна и важна“, истакна претседателката.

Посочи дека редовно се вршат проценки на ризиците и сите присутни на состанокот, кој во Вила Водно траеше повеќе од два часа, се обврзале дека тоа ќе продолжат да го прават.

„Се разбира ние сме во координација и со органите во регионот. Се уште НАТО немал седница која ќе биде посветена, меѓутоа Советот за безбедност заседаваше. Се разбира дека и регионалните информации ќе бидат споделени. Долга беше седницата заради темелноста на анализите и на информациите. Секогаш во вакви ситуации размислуваме за можното влијание не само на безбедноста туку и на економијата, на користењето на енергенсите итн.  Во тој поглед, исто така, надлежните информираа дека нема проблем, интерконекторот меѓу Грција и нас веќе е во функција. Законот предвидува да мора да има обезбедена нафта од 40 до 90 дена и тоа е исполнето. Значи, од она што го чув јас како претседателка можам да кажам дека имам цврсто уверување, не само институционално туку и документирано со податоци, дека нема зошто да се грижиме во моментов. Се разбира ќе ги следиме состојбите и соодветно ќе реагираме“, изјави Сиљановска-Давкова.

Советот за безбедност беше во комплетен состав, цело време на седницата преку видеоврска учествувал и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски кој е во Соединетите Американски Држави и од него, рече Сиљановска-Давкова, ги добиле информациите за растечкиот број македонски државјани во регионот на Блискиот Исток . До нив е пратена пораката од Министерството за надворешни работи да се обратат до ДКП-ата и да се регистрираат за да бидат во предвид за евентуална евакуација.

„Најважно е дека формираниот Кризен центар во рамките на Министерството за надворешни работи е во постојан контакт со сите граѓани. Се разбира дека луѓето се загрижени, причината е затвореното небо за прелети. Во некои држави, како на пример Катар, можноста беше со бродски превоз, меѓутоа и тој не функционира. Факт е дека се згрижени, дека се безбедни и дека се во постојан контакт со Министерството за надворешни работи коешто работи на тоа да најде најдобар начин најбрзо што е можно за да може оние кои сакаат да дојдат овде“, рече претседателката Сиљановска-Давкова на прес-конференцијата по завршувањето на седницата на Советот за безбедност.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Воениот злосторник Ратко Младиќ претрпел мозочен удар во затворот во Хаг
Министерот Зукорлиќ во официјална посета на Северна Македонија
Кина ги отфрли заканите на САД за секундарни санкции за иранската нафта
Претседателката Сиљановска-Давкова ќе учествува на Дипломатскиот форум во Анталија
Левица ја обвини Владата на Мерц дека ја подгрева војната во Иран
НАСА: Астероидот „Бог на хаосот“ ќе помине во близина на Земјата за 3 години
Трамп: Лидерите на Израел и Либан ќе одржат разговори
Бродови поврзани со Иран пловат по нови рути по блокадата на САД
Најмалку 2 загинати, 18 повредени во руски воздушен напад врз Киев
Средба на европските градоначалници во Скопје
Ердоган упати сочувство по смртоносната пукотница во училиштето во Кахраманмараш на југот од Туркије
Белата куќа: Следната рунда преговори меѓу САД и Иран најверојатно ќе се одржи во Исламабад
Муцунски-Прево: Белгија силно ја поддржува Северна Македонија на патот кон ЕУ
Израелскиот висок суд разгледува петиција за разрешување на крајнодесничарскиот министер Бен-Гвир
Туркије договори со Светска банка финансирање на голем железнички премин во Истанбул