| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Фидан: Ирак да стави крај на зголеменото присуство на ПКК во Киркук
Ние сме тажни и загрижени поради тензиите што резултираа со загуба на животи во Киркук, која е татковина на нашите сродници Туркмените, изјави турскиот шеф на дипломатијата
Фидан: Ирак да стави крај на зголеменото присуство на ПКК во Киркук
Мирот и стабилноста на Киркук влијаат на севкупниот мир и стабилност на Ирак, додаде Фидан / Photo: AA / AA
4 септември 2023

Туркије денес изрази загриженост за тензиите во северниот ирачки град Киркук, каде што на протестите загинаа четири лица.

„Ние сме тажни и загрижени поради тензиите што резултираа со загуба на животи во Киркук, која е татковина на нашите сродници Туркмените“, рече турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, на заедничката прес-конференција со неговиот ирански колега Хусеин Амир-Абдулахијан во главниот град на Иран, Техеран.

Туркије бара ирачките власти да стават крај на зголеменото присуство на терористичката организација ПКК во Киркук, рече Фидан.

„Мирот и стабилноста на Киркук влијаат на севкупниот мир и стабилност на Ирак. Го гледаме Киркук како симбол на културата на мирен соживот“, додаде тој.

Турскиот министер рече дека Киркук, град со долга историја, неодамна преживеа големи страдања и масакри.

„Сметаме дека е од суштинско значење да се зачува деликатната општествена рамнотежа во овој град и да се обезбеди еднаква застапеност и учество за сите групи во владеењето.“

„Одамна ја поддржуваме формулата за постигнување рамноправна застапеност и учество на сите сегменти во градот“, додаде Фидан.

Тој понатаму рече дека заштитата на правата и интересите на туркменските групи е меѓу клучните елементи на турската политика кон Ирак.

„Ние ќе продолжиме да се спротивставуваме на политизацијата на правата на Турмените и ќе ја поддржуваме туркменската заедница во сите области.“

Поддржувачите на Курдистанската демократска партија (КДП) протестираа вчера во Киркук барајќи повторно отворање на автопатот што го поврзува градот со Ербил.

Автопатот беше затворен од ирачките Туркмени кои се противат на предавањето на зградата на Здружената оперативна команда на КДП.

Демонстрантите блокираа неколку патишта со палење гуми, принудувајќи ги локалните власти да прогласат полициски час во градот.

Според полицијата, во протестите животот го изгубиле најмалку четири лица.

Минатата недела во Киркук избувнаа протести по одлуката на Владата да го предаде штабот на Оперативната команда во Киркук на КДП, која тврди дека зградата претходно ја користела и дека треба да ѝ се врати на партијата.

Силите Пешмерга на Курдската регионална влада беа распоредени во базите евакуирани од ирачката армија во Киркук по појавата на терористичката горганизација ДЕАШ во 2014 година.

Во 2017 година, ирачките владини сили влегоа во Киркук, ставајќи крај на присуството на Пешмерга во градот.

Повеќе
Турскиот претседател повика на посилна транспортна интеграција меѓу муслиманските земји
Фидан: САД и Иран покажуваат флексибилност во врска со нуклеарниот договор
Првиот турски беспилотен брод обезбеди партнерство со Саудиска Арабија
Сириja ја презеде контролата врз стратешката база Ал-Танф по повлекувањето на американските војници
Германската полиција уапсила двајца членови на терористичката организација ПКК со оружје и дрога
Бугарија: Андреј Ѓуров именуван за вршител на должноста премиер до предвремените избори
Претставничкиот дом на САД гласаше за укинување на царините на Трамп кон Канада
Состанок на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО во Брисел
Русија планира да и испрати нафта на Куба како хуманитарна помош
Десетици приведени демонстранти и повредени полицајци на протести во Аргентина
ФБИ ја уништил оригиналната затворска снимка од ноќта на смртта на Епштајн
Косово конечно доби влада, Албин Курти по третпат е премиер
Македонски државјанин со срцева болст опериран во Германија со роботски систем
Албулена Хаџиу избрана за собраниски спикер на Косово
Ердоган: Туркије и Грција да држат отворени канали за дијалог како соседи и сојузници