| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Фидан: Важноста на соработката меѓу Туркије и Казахстан расте од ден на ден
Ние сме еден од најголемите инвеститори во Казахстан со инвестиции што надминуваат пет милијарди долари, работиме на зајакнување на нашата соработка во одбранбената индустрија, рече турскиот шеф на дипломатијата
Фидан: Важноста на соработката меѓу Туркије и Казахстан расте од ден на ден
Треба да црпиме сила од довербата и разбирањето што ги дава нашата братска врска, изјави Фидан на прес-конференцијата во Астана / Photo: AA / AA
11 септември 2023

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денес изјави дека во периодот на брзо менување на геополитичката динамика, важноста на соработката меѓу Туркије и Казахстан се зголемува од ден на ден.

„Треба да црпиме сила од довербата и разбирањето што ги дава нашата братска врска и да ги направиме нашите односи уште покорисни за двете страни“, изјави Фидан на заедничката прес-конференција со својот казахстански колега Мурат Нуртлеу во главниот казахстански град Астана.

Фидан додаде дека билатералните односи сѐ повеќе се институционализираат и продлабочуваат.

„Ние сме еден од најголемите инвеститори во Казахстан со инвестиции што надминуваат пет милијарди долари. Работиме на зајакнување на нашата соработка во одбранбената индустрија“, рече тој.

„Постигнувањето на целта од 10 милијарди долари обем на трговска размена, цел поставена од нашите претседатели, веќе не е далечно“, додаде турскиот министер за надворешни работи.

Тој рече дека двете страни работат на продлабочување на соработката во енергетскиот сектор врз основа на заеднички интереси и сеопфатна стратегија.

Потсетувајќи дека 10. Самит на Организацијата на туркиски држави ќе се одржи во Казахстан во ноември, Фидан рече дека Туркије ќе продолжи да го поддржува Казахстан во овој период.

„Се договоривме да ја продлабочиме нашата соработка во меѓународните и регионалните организации“, додаде тој.

Во врска со борбата против терористичката организација ФЕТО, Фидан рече дека разговарале за чекорите што треба да се преземат во борбата против овој заеднички непријател.

„Добро ни е позната оваа подмолна терористичка организација и што тие направија за да се инфилтрираат во турската држава и во другите земји“, рече Фидан.

„Сите ние треба да бидеме будни кога станува збор за терористичката организација ФЕТО. Подготвени сме да ја обезбедиме сета потребна поддршка во овој поглед“, додаде тој.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Туркије до Иран: Избегнувајте потези што ќе предизвикаат ескалација
Бела куќа: Копнени трупи не се дел од планот за операцијата во Иран
Арпагуш испрати порака за единство, заедништво и братствo на ифтарската вечера во Скопје
Туркије го поздрави вклучувањето во ознаката „Произведено во ЕУ“
40 земји во Хаг со предлог санкции против Израел поради политиката за анексија на Западен Брег
Русија почна консултации со Туркије, Ирак, Палестина и за конфликтот во Иран
Двајца израелски војници се повредени при воена операција во Либан
Израел го уби началникот на Одделот за специјални операции на ИРГЦ
Хегсет: Америка решително ќе го порази Иран под водство на претседателот Трамп
Владата ќе ги евакуира македонските граѓани од кризните подрачја
НАТО собори иранска балистичка ракета која се движела кон Туркије
Кувајтски Ф/A-18 идентификуван како авион кој собори три американски ловци Ф-15 во пријателски оган
Москва ја обвини Украина за напад со дронови врз брод за течен природен гас во Медитеранот
Кина започнува големи политички состаноци за да го претстави петгодишниот план за раст
Политико: Мерц молчи додека Трамп ги напаѓа европските сојузници